Многу едноставно се приготвува, не е потребна голема умешност! Најпрво се матат сите течни состојки, а потоа се мешаат со сувите состојки.
Добиената смеса се излева во подготвен куглоф и се пече 40 минути. Почекајте малку да излади, а потоа сладете се. Подолу во текстот ве очекува уште еден рецепт…
Потребни состојки: 4 јајца, 2 шолји шеќер, 1 шолја растопен путер, 1,5 шолја густ јогурт, 2 шолји брашно, 2 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 400 г вишни +-, 1-2 лажици гриз и малку шеќер во прав
Постапка: Одвоено измешајте ги сувите и течните состојки, па потоа соединете ги во компактна смеса. Тестото е најубаво доколку најпрво ги одвоите ги белките и ги изматете ги во снег со постепено додавање на шеќерот и ванилата.
Откога ќе добиете цврст снег, започнете една по една да ги додавате и жолчките. Потоа додајте го растопениот и изладен путер, јогуртот и убаво промешајте за да се изедначи смесата.
Помешајте го брашното со прашокот за печиво, па просејте ги и додајте ги во смесата. Мешајте со лажица или шпатула (или на најслаба брзина со миксерот).
Ако користите смрзнати вишни, одмрзнете ги па наросете ги со малку шеќер и со 1-2 лажици гриз, па додајте ги во смесата и промешајте.
Калапот намастете го и набрашнете го, па излејте ја смесата размномерно и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 – тина минути.
Најдобро проверете со долго стапче. Доколку излезе суво, значи дека колачот е доволно печен. Малку изладете го колачот, па извадете го од калап и богато наросете го со шеќер во прав. / Дијана Адемовиќ
КУГЛОФ СО ВИШНИ И ЧОКОЛАДО
Потребни состојки: 3 јајца, 2 шолји (од 200 мл) жолт шеќер, 1 шолја млеко, 1 шолја масло, 2 кесички ванилин шеќер, 1 лажичка екстракт од рум, 2 шолји брашно, 80 г чоколадо, 1 шолја вишни, малку шеќер во прав за наросување, 1 лажичка кафе во прав
Постапка: во еден подлабок сад ставете ги брашното, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Во друг сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот. Кога ќе побелат и ќе згуснат, додајте млеко, масло, екстракт од рум и промешајте.
Во помало тенџерче растопете го чоколадото на тивко или на пареа и оставете да се разлади. Додајте лажичка кафе и промешајте. Вишните исцедете ги од сокот и наросете ги со малку брашно, а вишокот истресете го.
Во влажната смеса додајте ги сувите состојки, па промешајте со лажица или шпатула. Мешајте полека додека смесата да се изедначи.
Куглофот намастете го и набрашнете го, па излејте во него речиси две третини од смесата. Во последната третина додајте го чоколадото.
Вишните распоредете ги во тестото, па прелијте одозгора со чоколадната смеса (третина од тестото помешано со чоколадото).
Загрејте ја рерната на 180 степени, па кога ќе биде добро загреана, ставете да се пече сè додека чепкалката да излезе сува (околу 40-тина минути).
Печениот куглоф оставете го малку да подизлади, па кога ќе биде млак извадете го од калапот. Наросете го со шеќер во прав и сечете го на парчиња. Уживајте во вкусот. / Дијана Адемовиќ