Home Десерти Куглоф „Портокалово утро“…За секој ден и секоја пригода…

Куглоф „Портокалово утро“…За секој ден и секоја пригода…

Куглоф, рецепт и фото на Миланка Славова

Куглоф „Портокалово утро“…За секој ден и секоја пригода…

Куглоф, рецепт и фото на Миланка Славова

Куглофот е еден од оние колачи што никогаш не разочаруваат – практичен е за подготовка, не бара премногу време, а може да се прилагоди според вкусот или состојките што ги имате при рака.

 

Совршен е за појадок со кафе, за ужина со чај или како лесен десерт за неочекувани гости, пишува НМД.

Овој рецепт за „Портокалово Утро“ носи свежина со вкусот на портокал и лимон, а додавањето на какао и ореви му дава интересен шмек. Ајде да го направиме заедно!

Потребни состојки (се мери со чаша од 250 мл):

– 5 јајца
– 1 и пол чаша шеќер
– 1 чаша Фанта портокал
– 3/4 чаша масло (околу 180-200 мл)
– 3 и пол чаши пресеано брашно
– 1 кесичка прашок за печиво (10 г)
– Рендана кора од 1 лимон
– 2 кесички ванилин шеќер (или 1 лажичка екстракт од ванила)
– 1-2 лажици какао во прав (за дел од смесата)
– 1-2 раце сечкани ореви (по желба)
– Шеќер во прав за посипување
– НМД

*Забелешка: Чашата што се користи е со капацитет од 250 мл

Корисни алатки:

Миксер за тесто, цена ОВДЕ. Комплет сад со алатки за тесто, цена ОВДЕ. Миксер, цена – ОВДЕ. Кујнска вага, цена ОВДЕ. Калап за печење, цена ОВДЕ. Калап за ферментирање тесто, цена ОВДЕ.

Огноотпорни ракавици и силиконски кујнски алат, цена ОВДЕ. Силиконска шпатула, цена ОВДЕ. Нелепливи калапи за печење леб, цена ОВДЕ. Метално тенџере со капак, голем капацитет, цена ОВДЕ.

Кујнски крпи, цена ОВДЕ. Садови со капаци во разна големина, цена ОВДЕ. Нелепливи 3 силикони, цена ОВДЕ. Кутија за колачи, цена ОВДЕ. Жица за матење, цена ОВДЕ. Нож за сечење леб, цена ОВДЕ.

ПОСТАПКА:

Во длабок сад, со миксер изматете ги јајцата со шеќерот додека да добиете густа и пенеста смеса. Додајте ги сокот и маслото, па продолжете со мешање на пониска брзина додека се соединат.

Во смесата постепено додајте го пресеаното брашно помешано со прашокот за печиво. Мешајте со шпатула или лажица за да не се изгуби волуменот на смесата.

На крај, вмешајте ја ренданата кора од лимон, ванилиниот шеќер и сечканите ореви (ако ги користите).

Одвојте околу 1/3 од смесата во друг сад и во неа додајте го какаото. Промешајте добро за да добиете изедначена чоколадна боја.

Намастете и набрашнете калап за куглоф. Истурете половина од светлата смеса, потоа додајте ја чоколадната смеса, и завршете со преостанатата светла смеса.

По желба, со виљушка или дрвено стапче направете неколку вртења низ смесата за да создадете мраморен ефект, или пак, наизменично во повеќе наврати сипувајте по малку од двете смеси.

Ставете го куглофот во загреана рерна на 170°C и печете околу 40-50 минути.

По 20-25 минути, намалете ја температурата на 150°C и продолжете со печење додека кога ќе забодете дрвено стапче, тоа не излезе суво. Внимавајте да не го препечете за да остане сочен.

Откако ќе се излади, извадете го куглофот од калапот, посипете го со шеќер во прав и уживајте во неговиот прекрасен вкус и арома!

Совет:

Овој куглоф е одличен и следниот ден, кога вкусовите уште повеќе ќе се соединат. Чувајте го во покриен сад за да остане свеж. Добар апетит и убав ден!