Куглоф со сок од портокал…Едноставен и вкусен десерт за секој ден…
Овој куглоф е совршена комбинација од сочен портокал и мек пандишпан. Брзо се подготвува и уште побрзо се изедува!
Со мирис и вкус на цитрус, ќе биде идеален за секој ден или за специјални прилики. Совршен е за љубителите на лесни, освежителни колачи! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 јајца
180 г шеќер
2 ванилин шеќери
180 мл масло
230 мл сок од портокал (свежо исцеден или сок од продавница со 100% содржина на портокал)
Суви состојки:
240 г брашно (половина остро, половина меко)
2 лажички прашок за печиво
кора од еден портокал
150 мл сок од портокал да се прелие врз готовиот колач
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте масло и сок од портокал. Промешајте, па на два наврати додајте ја мешавината од суви состојки.
Смесата сипете ја во претходно намастен и набрашнет калап за куглоф. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 30-40 минути.
Куглофот изладете го, па прелијте го со 150 мл свежо цеден сок од портокал. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: