Крцкави тиквички на вкусен и едноставен начин…Се печат во рерна, за миг се готови…Многу се вкусни како главно јадење или како прилог.
Потребни состојки:
6 тиквички
2 мали лажички сол
За похување:
4 белки
2 лажици вода
1,5 шолја брашно (од 250 мл)
1 мала лажица лук во прав
¼ мала лажичка црн пипер
¼ мала лажичка сол
½ шолја рендан пармезан
2 шолји лебни трошки (презла)
10-тина лажици масло
Постапка:
Тиквичките излупете ги, исечете ги на половина и секоја половина пресечете ја надолжно на три дела. Ставете ги во цедалка, посолете ги и оставете ги да отстојат додека да се исцедат, околу половина час.
Потоа измијте ги и исцедете ги од вишокот вода. Поголема тепсија обилно намастете ја со масло и оставете ја настрана.
Тиквичките прво ставајте ги во мешавина од брашно, пармезан и зачини, па во изматените белки во кои сте додале две лажици вода и на на крај во лебни трошки (презла).
Тиквичките наредете ги во тепсија, испрскајте ги со остатокот од маслото и печете ги во загреана рерна на 210 степени околу 35 минути или додека убаво да заруменат.