Татлиите се вкусни слатки кои се подготвуваат со шеќерен сируп. Постојат ралични рецепти за подготовка на татлиите кои се разликуваат во некои состојки, но сите се сочни и шербетни. Во продолжение може да прочитате еден поразличен рецепт, а смесата се подготвува со квасец.




Всушност ова е еден рецепт за татлии во кој не се замесува тестото, туку се прави смеса за палачинки, па затоа овој рецепт е многу поедноставен и лесен. Во продолжение прочитајте како да ја подготвите смесата за тесто, а потоа прелијте ги колачињата со шербет. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4,5 чаши брашно, 1/2 лажичка сол, 1 мала лажица цимет, 1 кесичка сув квасец, 1 жолчка од јајце, 2 лажици масло, 2 лажици оцет, 3 лажици растопен путер, 1 чаша млеко, 4 чаши вода. ЗА ШЕРБЕТ: 3,5 чаши вода, 3 чаши шеќер, сок од четвртина лимон. За наросување ќе ви биде потребно мелени ф’стаци.




ПОСТАПКА: Најпрво подгответе го шербетот, бидејќи треба целосно да биде оладен, кога ќе ги натопувате колачињата. Во едно тенџере ставете 3,5 чаши вода и додајте 3 чаши шеќер. Малку промешајте, па тенџерето ставете го на рингла, вклучена на средна температура и со повремено мешање, гответе додека шеќерот да се растопи.




Во сирупот додајте го лимоновиот сок и повторно измешајте. Од моментот на зовривање варете го уште неколку минути, да добие средна густина. По готвењето, тргнете го тенџерето од рингла и ставете го настрана да се излади. Во меѓувреме подгответе ја смесата за колачите:




ЗА СМЕСАТА: Во еден подлабок сад ставете го брашното, додајте ја солта, циметот и сувиот квасец. Промешајте ги сувите состојки, пред да почнете со додавање на течните. Додајте ја жолчката од јајце, млекото, маслото, оцетот, растопениот путер, измешајте, па на крајот прелијте со водата.




Измешајте ги состојките додека да се добие течна смеса, нешто потенка од онаа за палачинки, која вообичаено се подготвува. Во едно тавче, премачкувајте со малку масло со помош на салфетка или четкичка, пред секое печење на секоја палачинка. Печете една по една палачинка, која треба да биде тенка и да одговара во сооднос со тавчето кое го користите.




Печете ги палачинките на вообичаен начин, по 1-2 минути од страна, додека убаво да се испечат. Палачинките редете ги на чинија, додека сите да ги испечете. Потоа во еден сад подгответе мешавина од 3 лажици брашно со додавање на помалку вода, додека да се формира смеса со средна конзистентност која може да се размачкува.




Наредете 3 палачинки една надоврзана на друга и на секоја половина во форма на полумесечина премачкувајте ја првата и втората палачинка од истата страна со смесата од брашно и вода, за да се залепат. Вака наредените палачинки свиткајте ги во еден ролат и потоа исечете ги на помали парчиња.

„Прстените“-ружички од палачинки редете ги настрана, додека сите да ги подготвите. Кога ќе ги направите сите, загрејте едно тавче со длабоко масло и пржете ги од двете страни додека да станат крцкави и да поруменат, па потопувајте ги во шербетот.

Вака подготвените колачиња редете ги на чинија и пред послужување наросете ги со мелени ф’стаци. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.