Потребни состојки:
4-5 компири со средна величина
по вкус сол и црн пипер
1 лажица вегета
3 лажици пченкарно брашно
по потреба масло
1/2 лажичка црвен пипер во прав
Постапка:
Компирот измијте го, излупете го и уште еднаш измијте го под млаз ладна вода. Компирот исечете го на тркалца или како помфрит, ни претенко ни предебело.
Исечениот компир посолете го и зачинете го. Додадете малку масло па убаво измешајте да се соедини.
Одозгора наросете пченкарно брашно и промешајте.
Компирите распоредете ги во плех обложен со хартија за печење. Можете уште малку да наросите пченкарно брашно.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 35 минути. Компирот треба да има златна боја.