Од крофни никогаш доста, а овие прекрасни меки како душа крофнички ни ги претстави нашата драга Ана Божиновска, во групата НМД рецепти. Пријатен ден на сите пријатели!

Фото и рецепт: Ана Божиновска

Потребни состојки:

1 коцка свеж квасец
10 лажици шеќер
200 мл млеко
1 ванилин шеќер
200 мл масло
800 г брашно +-
1 прстофат сол
½ портокал – рендана кора
шеќер во прав за наросување

Постапка:

Квасецот раздробете го и растворете го во млакото млеко со шеќер. Убаво промешајте за да се раствори и шеќерот.

Потоа без да се чека активирањето на квасецот, се додаваат маслото, брашното, солта и ренданата кора од портокал.

Се замесува меко и мазно тесто кое не лепи на рацете. Потоа се остава на топло да стасува и да го удвои својот волумен.

Од стасаното тесто се развлекува кора со дебелина од околу 7-8 мм. Потоа со чаша (може претходно да се набрашни за полесно сечење) се вадат крофните.

Се оставаат 10-тина минути да одморат, па се пржат во умерено загреано масло од двете страни по 2-3 минути или додека да добијат убава златножолта боја.

Пржените крофни обилно се наросуваат со шеќер во прав.

Фото и рецепт: Ана Божиновска