КРОФНИЧКИ-ЃЕВРЕЧИЊА ОД 4 СОСТОЈКИ: многу лесно, не користите ни брашно, ни шеќер. Рецепт на Брзи Рецепти. Мини крофнички кои нема да им одолеете и веднаш ќе ги изедете. Вкусни, здрави за мерак.. можам да ги јадам и додека сум на диета.
Потребни состојки: 1 јајце, 150 г урда, 70-90 г овесни снегулки, 5 г семки од афион, 100 г темно чоколадо. Количината на овесни снегулки зависи од големината на јајцето и влажноста на целата смеса измешане со урдата.
Постапка: Јајцето разматете го во еден сад и додајте ја урдата. Смесата соединете ја во еднолична маса која ќе биде доста влажна од урдата. Потоа додајте ги овесните снегулки и измешајте се додека да добиете густа смеса.
Додајте ги семките од афион и повторно измешајте. Со лажица црпете од смесата (лажицата не треба да биде полна) и со раце формирајте кругче, а потоа спласнете го и поставете го на плех обложен со хартија за печење.
Со мало лажиче направете вдлабнатина на средината, односно помало кругче за крофничките да добијат оригинален изглед. Смесата од средина на кругчето не ја вадете туку соединете ја по страните на отворот.
Печете во претходно загреана рерна на 185 степени, 15-20 минути. Потоа извадете го плехот од рерна и почекајте крофничките малку да се изладат. Во меѓувреме растопете го темното чоколадно на пареа.
Надворешната страна од крофничките потопувајте ја во темното растопено чоколадо, па крофните редете ги на плех и почекајте уште некое време чоколадото да се стврдне. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Во продолжение можете да прочитате рецепт за посни крофни:
Посни крофни: воздушести, шупливи, меки, се топат во уста, од нив мириса цела улица прекрасно. Рецепт и видео презентација на „Шерпица” – посни крофни. Ова се најубавите крофни без млеко и јајца и воопшто не се разликуваат од мрсните. Воздушести се, меки, се топат во уста, а од нив мириса целата улица. Особена арома му дава ренданата кора од лимон и портокал, како и ванилиниот шеќер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг брашно, 40 г квасец, 300 мл млака вода, 200 мл газирана вода, 100 мл масло, 2 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, рендана кора од портокал – многу малку, рендана кора од лимон и 1 лажичка сол.
Постапка: Во подлабок сад ставете го квасецот, лажица шеќер и лажица брашно. Добро промешајте со малку вода и оставете квасецот да се активира.
Потоа, во стасаниот квасец додајте масло, вода, газирана вода, шеќер, рендана кора од лимон и портокал, ванилин шеќер. Замесете со брашното. Брашното додавајте го малку по малку и додадете сол.
Завршете со месењето и оставете го тестото да стасува додека да се удвои. Тестото развлечете го на набрашнета работна површина, вадете тркалца со чаша и оставете малку да одморат за да стасаат, околу 10-тина минути.
Маслото загрејте го и горната страна на крофната спуштете ја свртена кон долу. Поклопете и пржете околу една минута, тргнете го капакот, превртете ги крофните и оставете долната страна уште малку да зарумени.
Доколку не сакате да ги полните со ништо, можете да им правете и дупки во средината. Крофничките вадете ги на салветка да се исцедат, наросете со шеќер во прав и послужете со џем. Уживајте во најдобрите крофни! Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.