Фотографија и рецепт на Марица Илиќ Стаменковиќ. „Ова се познатите КРИНГЕЛ – Естонски плетенки. Јас ги направив со солен фил од сирење и јајца, само од сирење, јајца и спанаќ. Филот може да биде и сладок, на пример само нутела или некој џем или нешто по ваш вкус.

Крингел (Фото и рецепт: Марица Илиќ Стаменковиќ)

Потребни состојки: 400 г брашно, 150 мл млеко, 40 г путер, 20 г квасец, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол и 1 јајце. Постапка: Квасецот се дроби во млако млеко заедно со шеќер и брашно се меша да се раствори и растопи. Се остава на топло да започне ферментацијата и да се активира квасецот.

Крингел (Фото и рецепт: Марица Илиќ Стаменковиќ)




Потоа во преостанатото брашно се додава млекото, изматеното јајце, сол, растопен путер и на крај активираниот квасец. Сите состојки потребно е да бидат на собна температура за да не се „пресече“ квасецот.

Крингел (Фото и рецепт: Марица Илиќ Стаменковиќ)




Се замесува мазно тесто и се остава да стасува додека да го удвои волуменот. Потоа од тестото се прават топчиња кои се развлекуваат во вид на правоаголници. Се премачкуваат со филот (јас ставив сирење и јајца, второто со сирење и третото со сирење и јајца).

Крингел (Фото и рецепт: Марица Илиќ Стаменковиќ)




Се витка во ролат. Секој ролат се пресекува по должина, на половина и се плете во плетенка. Од оваа плетенка може да се прават и венчиња. Се печат во загреана рерна околу 15 минути, на 200 степени колку да заруменат. Прочитајте го и следниот рецепт: „Ароматичен леб со путер, млеко, лук и магдонос – сите ќе ви бараат рецепт:“

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г брашно, 1 лажичка шеќер, 1/2 лажичка сол, 7 г сув квасец или 20 г свеж, 260 мл млако млеко, 50 г путер/маргарин. За полнење на лепчето: 80 г путер/маргарин, 7-8 чешниња лук, 2-3 лажици сечкан магдонос или оригано (по вкус), по вкус посолете, може и црн пипер. За премачкување: 1 јајце

ПОСТАПКА: Направете го филот за полнење на лебот: растопете го путерот, ситно исечкајте го лукчето или истиснете го низ преса, додајте го ситно сечканиот магдонос и посолете. Тесто: измесете средно меко тесто од состојките (путерот претходно растопен и изладен). Покријте го и оставете го да стасува додека да го удвои волуменот.

Стасаното тесто истресете го на работна површина и поделете го на онолку делови колку што сакате, па со рака или оклагија развлечете кора. Кората премачкајте ја со приготвениот лук, свиткајте како ролат, засечете ги векните накосо со нож и исполнете ги со фил. Оставете ги малку да одморат.




Кога векните ќе стасаат, со виљушка изматете едно јајце и премачкајте ги векните одозгора, ставете ги во рерна, вклучете ја на 180 степени и печете ги додека убаво да заруменат.