Фото и рецепт: Елена Петровска

Потребни состојки:

350 г брашно

200 г маст

150 г шеќер

1 јајце

2 жолчки

кора од лимон

малку сол

2 ванили

2 лажици рум

150 г мелени ореви

2 белки

Фил:

100 г чоколадо

40 г маргарин / путер

Постапка:

Се замесува тесто од брашно, маст, шеќер, јајце, жолчки кора од лимон, ванила и рум.

Стои во фолија во фрижидер 1 час.

Се прават топчиња колку цреша и се макнуваат во белка.

Потоа се валкаат во мелени ореви и се печат 20 минути на 180 степени.

Се филуваат со филот, две по две се лепат.

Фото и рецепт: Елена Петровска