Нема кој не ги сака вкусните кремасти колачи, а кога станува збор за кремпитите, ова е една навистина многу брза верзија за приготвување чиј резултат вистински ќе ве воодушеви. Во продолжение можете да прочите и оригинален рецепт за овој популарен колач, но и други поедноставни, а сепак вкусни и различни начини за приготвување.

I РЕЦЕПТ – КРЕМПИТА СО БИСКВИТИ, готова е за 10 минути. Многу брзо се приготвува, кога ќе излади е вистински освежителен кремаст колач.

Потребни состојки: 500 г бисквити. За фил: 1 литар млеко, 4 јајца, 250 г путер / маргарин, 16 лажици шеќер, 3 лажици брашно, 3 лажици гриз, 2 лажици густин и 2 кесички шлаг

Постапка: од литар млеко одвојте една шолја, а остатокот ставете го на оган да се вари со 250 г путер. Изматете пенасто 4 жолчки со 8 лажици шеќер додека тој да се растопи а смесата да згусне, па додајте 3 лажици брашно, 3 лажици гриз и 2 лажици густин.

Изматете пенасто 4 жолчки со 8 лажици шеќер додека тој да се растопи
додајте 3 лажици брашно, 3 лажици гриз и 2 лажици густин.
додајте 3 лажици брашно, 3 лажици гриз и 2 лажици густин.

Во оваа смеса додајте шолја млеко (што ја одвоивте претходно), добро изматете да нема грутки и добиената смеса постепено додавајте ја со постојано мешање во зовриеното млеко. Варете го кремот додека да згусне и внимавајте да не ви загори.

Посебно изматете 4 белки со 8 лажици шеќер во цврст снег
Снегот од белки вмешајте го во врелиот, претходно сварен крем
со лажица измешајте убаво да се соединат двете смеси

Посебно изматете 4 белки со 8 лажици шеќер во цврст снег (шеќерот постепено додавајте го додека матите за на крај да добиете мазен, цврст и сјаен снег). Снегот од белки вмешајте го во врелиот, претходно сварен крем и со лажица измешајте убаво да се соедини.

Поголема тепсија со димензии 23х39 см наредете ја со еден ред бисквити. Не е потребно да се натопуваат во млеко

Во меѓувреме, поголема тепсија (мојата е 23х39 см) наредете ја со еден ред бисквити. Не е потребно да се натопуваат во млеко.

Преку бисквитите излејте го врелиот фил и израмнете ја површината

Преку бисквитите излејте го врелиот фил и израмнете ја површината. Филот полека истурајте го за да не се поместуваат бисквитите (или можете на дното многу тенко да намачкате тенок слој од филот кој ќе служи како лепило за бисквитите). Преку филот наредете уште еден ред биксвити.

кремпита

Оставете да излади на собна температура, па потоа ставете го во фрижидер. Одозгора декорирајте со две кесички шлаг кои ќе ги изматите според упатството. Тортата многу брзо се подготвува, но најдобра е за јадење откога ќе отстои неколку часови во фрижидер, а уште подобро преку цела ноќ. / Coolinarika.com

кремпита

…Кремпитата е омилен колач на сите љубители на кремозните колачи со вкус на ванила. Несомнено ова е еден од најпопуларните колачи кој до ден денешен сите го сакаат. На Интернет може да се прочитаат безброј рецепти за приготвување на оваа слатка, во најразлични варијанти.

кремпита

Во текстот подолу ќе можете да го прочитате стариот рецепт како порано се приготвувала оваа слатка, но и понов рецепт, кој е поедноставен и се изработува од готово лиснато тесто, а за кремот се користи пудинг. Во продолжение приготвивме уште неколку едноставни рецепти за кремпита од нашата архива. На вас останува да одлучите кој рецепт ќе го одберете.

кремпита

II РЕЦЕПТ – Оригинален рецепт за КРЕМПИТА кој е стар еден век. Рецептот го објави Хаџи Миланко Гаковиќ. ,,Ви го откривам оригиналниот рецепт на мојата баба, а јас имам 75 години, па вие пресметајте колку е стар овој рецепт. Рецептот е долг, но кој го интересира, ќе го прочита”, вели тој во објавата.

кремпита

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г брашно, 250 г путер, 1 јајце, 1 прстофат сол, 1 лажиче лимонов сок, малку ладна вода. ЗА ФИЛ: 6 јајца, 500 мл млеко, 170 г шеќер, 50 г гриз (или остро брашно), шеќер во прав помешан со ванила за наросување одозгора.

ПОСТАПКА: На работна површина просејте 300 г брашно (тип 400 меко). Од оваа количина одвојте 50 г и замесете го брапшното со 250 г путер. Вака измесениот путер вратете го во фрижидер да се стегне. Во остатокот од брашното (250 г) направете мало вдлабнување, ставете едно јајце, прстофат сол, неколку капки лимонов сок, па со ладна вода замесете тесто како за пита, но малку потврдо.

Добро измесете го додека да почне да се одвојува од површината и да не се лепи на рака. Оставете го врз набрашнета површина да омори 15-тина минути. Потоа развлечете го со оклагија во кора со дебелина од половина центиметар. Во средината од кората ставете го стврднатиот путер (претходно измесен со 50 г брашно).

Потоа превиткајте ја кората од сите 4 страни, така што путерот да остане во средина. Развлечете повторно кора, па превиткајте ја на три дела (три листа). Повторно развлечете, па превиткајте на 4 дела (листа), па оставете во фрижидер да одмори половина час.

Повторете ја постапката уште еднаш (прво на три, па на 4 дела) и повторно оставете го тестото во фрижидер, 30 минути. Расечете го тестото преку половината. Едната половина развлечете ја со оклагија и ставете ја кората на ладен плех, избоцкајте ја со но-ж, па ставете во умерено загреана рерна да се пече.

Истото направете го и со втората половина. Печените кори кога ќе добијат руменожолтеникава боја извадете ги да изладат. Фил: Половина литар млеко ставете во тенџере, додадете расечено стапче од ванила и 100 г шеќер. Кога ќе зоврие тргнете од оган.

Во посебен сад изматете 6 жолчки и 50 г гриз (остро брашно) и со жица додадете во топлото млеко. Матете за да не се направат грутчиња. Од белките направете снег, па додадете 70 г шеќер и матете додека тој да се растопи. Кремот од жолчки и млеко и брашно ставете го на умерен оган.

Кога ќе зоврие смесата сварете го кремот со постојано мешање и додадете му го изматениот снег од белки. Со жицата добро измешајте ја смесата, тргнете од оган и излејте го кремот врз печената кора и израмнете (извадете ја претходно ванилата). Со другата кора поклопете го филот, па оставете ја питата да излади, а потоа исечете ја со остар нож на коцки, а одозгора наросете со шеќер во прав помешан со ванила.

кремпита, фотографија и рецепт на Билјана Ристиќ

III РЕЦЕПТ не е толку стар, од поново време е, адаптиран за денешни услови кога немате многу време, а сепак сакате да ја направите оваа вкусна слатка. Фотографијата и рецептот се на Билјана Ристиќ. За да ја приготвите кремпитата ќе ви бидат потребни следните состојки:

500 г лиснато тесто (готово тесто може да го купите од поголемите супермаркети), 10 јајца, 4 кесички ванилин пудинг, 200 г брашно или густин, 2 литри млеко, 21 лажица шеќер, 6 кесички ванилин шеќер, 350 мл изматена слатка павлака како шлаг и 50 г шеќер во прав.

кремпита

ПОСТАПКА: Лиснатото тесто развлечете го и поделете го на два еднакви делови. Првиот дел испечете го на 200 степени, претходно избоцкан со виљушка на повеќе места. Вториот дел исечете го на коцки и исто така испечете го. Оставете на страна да се лади додека се приготвува филот.

Фил: Прво добро изматете ја слатката павлака со шеќер во прав. Во друг сад изматете 6 жолчки, 4 јајца, 15 лажици шеќер. Кога смесата ќе стане пенаста, додадете го пудингот и брашното со малку млеко. Добро изматената смеса излејте ја во зовриеното млеко и варете на тивко со постојано мешање додека се згусне.

Тргнете од оган и додадете ванилин шеќер и цврсто изматен снег од белки со 6 лажици шеќер. Овој крем полека промешајте го со изматената слатка павлака. Врелиот фил со лажица рамномерно распоредете го врз испечената и изладена кора, а одозгора наредете ги печените и изладени коцки од лиснато тесто. Одозгора наросете шеќер во прав и изладете добро пред послужување.

кремпита

IV РЕЦЕПТ е исто така старински и мераклиски, па за сите љубители – Оригинален рецепт на кој му нема рамен: крем за кремпита. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ: 6 јајца, 1 ванилин шеќер, 10 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 1 литар млеко, 2 лажици густин и 1 шлаг кесичка или 200 мл слатка павлака.

КРЕМ ЗА ВИСОКА КРЕМПИТА: 6 јајца, 20 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 1 кутија (400 г) густин, 6 лажици брашно, 500 мл вода и 2 литри млеко. ПОСТАПКА: Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот, додадете брашно па сварете во млекото. Тоа значи да се меша на тивок оган барем 10-15 минути додека убаво да згусне.

Кога смесата малку ќе излади, додадете го изматениот шлаг и лесно, со лажица промешајте. Кремот ставете го на лист за кремпити, прекријте со друг лист исечен на квадрати и наросете со шеќер во прав. ЗА ВИСОКА КРЕМПИТА: Изматете 6 жолчки со 10 лажици шеќер и додадете густин, помешајте со вода и брашно, па сварете во млеко.

Изматете цврст снег од 6 белки и 10 лажици шеќер, па лесно измешајте во малку изладениот крем и филувајте во подлабока тепсија помеѓу два листа, а горниот веќе да биде исечен на коцки за полесно да се сече. Ова е рецепт само за кремот, а толку многу е вкусен што можете да го користите за полнење принцес крофни и други колачи.

кремпита

V РЕЦЕПТ кој го избравме за оваа серија е следниот – КРЕМПИТА – Вкусна, евтина и лесна, кога еднаш ќе ја направите, ќе ви ја бараат постојано. Рецептот и видео прилогот се од Мои Домашни Рецепти: Кремпита.

Потребни состојки: 3 жолчки, 1 јајце, 3 лажици шеќер, 1 лажица масло, 3 лажици топла вода, 2 лажици брашно, 5 г прашок за печиво ( ½ кесичка), плех 20х30 см.

За втора кора: 3 жолчки, 1 јајце, 3 лажици шеќер, 1 лажица масло, 3 лажици топла вода, 2 лажици брашно и 5 г прашок за печиво ( ½ кесичка). За крем: 6 белки, 6 лажици шеќер, 1 литар вода, 4 кесички пудинг од ванила (1 кесичка од 36 г), 20 лажици шеќер (може и помалку, по вкус) и шеќер во прав за наросување одозгора.

кремпита

Постапка: Во подлабок сад ставете три жолчки и едно цело јајце и три лажици шеќер, па убаво изматете со миксер околу 5 минути додека смесата да згусне и побели. Додадете една лажица масло и три лажици топла вода, две лажици брашно, едно лажиче прашок за печиво, па со жица за матење промешајте за да се изедначат состојките.

Смесата излејте ја во плех (20х30 см) обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути. Постапката повторете ја и за втората кора. Од изладените кори отстранете ја хартијата за печење. За крем: пенасто изматете шест белки и со шест лажици шеќер.

Матете со миксер 10 минути додека да добиете цврст и сјаен снег. Еден литар вода ставете во тенџере заедно со пудинг од 4 кесички и 20 лажици шеќер. Загревајте со постојано мешање додека да се свари кремот и да згусне. Во снегот од белки постепено додавајте го топлиот пудинг и матете со миксер цело време околу 5 минути додека да се соединат убаво.

Во плехот во кој се печеа корите ставете ја едната кора, а врз неа рамномерно распоредете го кремот. Одозгора поклопете со втората кора па колачот оставете го 12 часа во фрижидер убаво да се стегне и излади. Потоа сечете на коцки и одозгора наросете шеќер во прав. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

кремпита