Свинското месо можете да го подготвите на безброј начини, а највкусно е кога е во сос, бидејќи дополнително омекнува. Ви предлагаме свинското месо да го зготвите во сос од печурки кое му дава специфичен вкус. Со вака подготвеното месо не е потребен прилог, а ако сакате да направите, најдобро одговара со пире од компири или тестенини. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 5 парчиња свинско каре (или по потреба), 400 г печурки, 50 г путер, 1 главица кромид, 4 чешниња лук, 1,5 лажици брашно, 200 мл вода, 200 мл крем за готвење – неутрална павлака, 3 лажици соја сос, 1 лажичка италијански зачини.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): кременадли, сол, црн пипер, кари, сенф, 2 лажици брашно, 2 лажици ајвар, доматен сос, вода, 1 чешне лук (или повеќе).
ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Во сад измешајте сол, црн пипер и италијански зачини или по вкус, па зачинете го месото. Добро натапкајте го секое парче месо од двете страни за да поприми од зачините.
Во тавче загрејте масло (може и свинска маст) и ставете ги парчињата месо да се испржат. Ринглата треба да биде вклучена на највисок оган. Се пржат во зависност од дебелината, за дебелина од малку повеќе од половина прст доволно е по 5 минути. Кременадлите треба да фатат коричка, а однатре дополнително ќе се зготват во сосот.
Извадете ги испржените кремендали и во истото тавче се додаваат путерот и сечканите печурки, па по неколку минути се додава сечканиот црн кромид и сечканиот лук. Гответе на понизок оган со повремено мешање, додека целата течност да испари.
Потоа, додајте го брашното и измешајте. Кога брашното ќе се соедини во путерот, сипете ја водата и кремот за готвење, па повторно измешајте и почекајте да зоврие. Кога сосот ќе се згусне, истурете го соја сосот, потоа посолете и по вкус зачинете со италијански зачини. Повторно промешајте и кога ќе почне да врие, ставете го месото во сосот.
Гответе уште кратко време, 5-10 минути, под капак, на тивок оган. Деталите погледнете ги ОВДЕ, а во продолжение прочитајте ја постапката за вториот рецепт. ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Кременадлите посолете ги, запиперете ги и додајте други зачини по вкус, како во првиот рецепт.
После зачинување се мачка со сенфот, но не штедете на него бидејќи дава толку убав шмек што на секое месо одговара. Премачкајте ги обилно од двете страни. Настрана во тава или помала рамна тацна (во зависност од големината на кременадлите) ставете брашно и распоредете го насекаде.
Настрана ставете масло во тенџере на рингла и почекајте да се загрее. Кременадлите треба да ги извалкате во брашното од двете страни, а потоа да ги пропржите по неколку секунди или 1 минута (во зависност од дебелината) додека да фатат убава коричка.
Потоа во плех премачкајте со малку масло и во него распоредете ги запржените кременадли. Во тавчето каде што пржевте додајте го остатокот од брашното кое ви останало и направете смеса со постојано мешање.
Од оваа смеса може да експериментирате. Може да направите сос, така што во брашното и маслото ќе додадете 2 лажици ајвар и доматен сос и ќе зготвите до густина која што ви одговара. Овој сос се зачинува и се прелива преку кремендалите.
Наместо сос од домати, може да подготвите и бешамел сос. Печете на 200 степени околу 1 час со хартија одозгора, а потоа извадете ја хартијата и допечете уште половина час на 180 степени. Сепак печењето зависи од дебелината на кременадлите. Деталите од целата постапка можете да ги поглендете во видеото ОВДЕ. Прочитајте: СОЧНО ПИЛЕШКО ВО СОС ОД ЛУКЧЕ: Евтино јадење кое секој може да го направи, а толку многу е вкусно како да го направиле во луксузен ресторан – ОВДЕ.