Рецепт и видео прилог на Јована Фалзон (Chef Joca Loca): Кремасти сочни ледени коцки
Ако сте љубител на сочни и кремасти колачи, овој е токму по ваш вкус – се топи во уста!
Потребни состојки:
калап 24х24 см (може и поголем, но понизок ќе биде колачот)
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
8 г прашок за печиво
4 лажици какао во прав
за сируп:
400 мл вода
200 г шеќер
за фил:
9 лажици шеќер
80 г густин (нишесте)
9 лажици брашно
2 лажички ванилин шеќер
200 мл млеко
450 мл млеко
250 г путер
за чоколадна глазура:
150 г црно чоколадо
100 мл млеко
5 лажици масло
Постапка:
Калапот со величина 24х24 см намастете го со малку масло и наросете со го брашно. Вишокот истресете го. Одвојте ги белките од жолчките во посебни садови. Шест белки пенасто изматете ги со миксер, па постепено додадете 6 лажици шеќер со постојано матење додека да се растопи.
Потоа една по една додавајте ги жолчките. Додадете ги сувите состојки просеани низ сито: 6 лажици брашно, 8 г прашок за печиво и 4 лажици какао во прав. Смесата промешајте ја со шпатула или лажица додека да се изедначи. Мазното полутечно тесто излејте го во приготвениот калап, израмнете го и ставете го во загреана рерна на 180 степени да се пече 20 минути.
За тоа време пригответе го сирупот: на оган во тенџере ставете 400 мл вода и 200 г шеќер, па откако ќе зоврие варете го 5-6 минути додека малку да згусне. Печениот пандишпан топол прелијте го рамномерно со топол (не врел) сируп и тргнете го на страна убаво да го впие.
За крем: Во еден сад ставете 9 лажици шеќер, 80 г густин, 9 лажици брашно, 2 лажички ванилин шеќер и 200 мл млеко. Промешајте или изматете убаво да нема грутчиња. 450 мл млеко ставете на оган, па откако ќе зоврие намалете ја температурата и постепено додавајте ја смесата со постојано мешање. Сварете го кремот додека убаво да згусне.
Тргнете го на страна покриен со фолија и оставете да се олади целосно. 250 г путер омекнат на собна температура пенасто изматете го со миксер, а потоа изматете го и изладениот крем. Путерот додадете го во кремот и заедно изматете ги за да се соедиднат. Добиениот крем рамномерно распоредете го врз пандишпанот и израмнете.
За глазура: 150 г црно чоколадо искршено на коцки прелијте го со 100 мл врело млеко и додадете 5 лажици масло, па промешајте додека да се растопи и соедини (или загрејте го во микробранова печка), па мазната глазура прелијте ја врз белиот крем. Колачот изладете го најмалку три часа пред послужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: