Освежителна, не е многу тешка, се топи во уста.

Потребни состојки:

10 белки
500 г шеќер
2 лажички лимонов сок

За фил 1:

10 жолчки
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
500 мл млеко
250 г ореви
250 г путер

За фил 2:

4 кесички шлаг
400 мл млеко

Постапка:

Белките изматете ги со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег. Пред крајот додадете лимонов сок и уште малку матете.

Смесата излејте ја во плех обложен со хартија за печење, па сето ставете го во загреана рерна на 150 степени и печете 20 минути, а потоа температурата намалете ја на 100 степени и печете уште еден час.

Во меѓувреме сварете го филот:

Жолчките изматете ги со брашното и малку млеко, да добиете смеса без грутчиња. Сварете ги во преостанатото млеко и шеќер, исто како пудинг (внимавајте да не ви загори).

Сварениот фил покријте го со проѕирна фолија и оставете добро да излади.

Изладената кора пресечете ја на два дела, така да добоете две помали кори.

Путерот пенасто измиксајте го, па во него постепено додавајте од изладениот крем со жолчки и на крај промешајте ги и мелените ореви.