Кремаста и здрава салата од зелка и морков
Оваа салата од зелка и морков е лесна, освежителна и исклучително вкусна, со кремаст дресинг кој е подеднакво нежен и здрав.
Наместо мајонез или павлака, се користи цврст јогурт, што ја прави салатата идеален избор за секојдневен оброк, како прилог или како лесна вечера.
Брза е за подготовка, хранлива и визуелно привлечна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За салатата:
• 1 морков
• 1/4 глава зелка
• 1/5 црвен кромид
• 3 млади кромидчиња (само зелениот дел)
За дресингот:
• 1 чаша цврст јогурт или кисела павлака
• 1 лажичка сол
• 1/2 лажичка суво оригано
• 1/4 лажичка мелен црн бибер
• 1 лажичка маслиново масло
• 1/2 лажичка сенф
• НМД
Постапка
1. Морковот излупете го и изрендајте го ситно. Оставете го настрана додека да ги подготвите останатите состојки.
2. Црвениот кромид исечете го на многу тенки ленти. Количината прилагодете ја според вкусот. Доколку сакате поблаг вкус, можете кратко да го полеете со топла вода.
3. Зелката исечкајте ја многу тенко. Доколку не сте сигурни во нејзината чистота, потопете ја во зовриена вода со малку оцет околу 1–2 минути, па процедете ја и добро исцедете ја од вишокот течност.
4. Зелениот дел од младите кромидчиња ситно исечкајте го и додајте го кон останатиот зеленчук.
5. Во посебен сад ставете го јогуртот, додајте сол, оригано, црн бибер, сенф и маслиново масло. Добро измешајте додека да добиете хомоген и кремаст дресинг.
6. Дресингот додајте го во садот со зеленчукот и нежно промешајте додека сите состојки рамномерно да се соединат.
7. Салатата ставете ја во фрижидер најмалку 30 минути, додека да се излади и вкусовите да се соединат.
Салатата послужете ја како прилог со месо, риба или како лесен самостоен оброк.
Благодарение на јогуртот, таа е кремаста, а сепак лесна и здрава – совршена алтернатива на класичните салати со мајонез. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































