I Рецепт: Салата која секогаш ја правам и сите ми ја фалат. Евентуално можеби маната на оваа салата е тоа што го отвора апетитот. Кремаста салата со краставички, многу вкусна и освежителна. / Рецепт на Ивана од нејзиниот канал за домашни и вкусни рецепти „Шерпица Рецепти“.
Оваа салата е омилена на домашните и речиси секој ден ја приготвувам како прилог на ручекот. Понекогаш си ја правам и само неа бидејќи е толку многу вкусна и освежителна.
Секогаш која ќе ми дојдат гости, веднаш се изедува и затоа ја подготвувам во голема количина. И покрај целото јадење што е на масата, оваа салата секогаш ми ја фалат и ми бараат рецепт, а многу е едноставна за подготовка. Јас ќе ви ги кажам состојките во однос на тоа колку јас вообичаено подготвувам, но во зависнот од количина која сакате да ја направите така ставајте ги состојките.
Потребни состојки: 4 средни краставици, 400 г кисела павлака, 2 лажички мајонез, 2 чешниња лук (може и во прав), свеж копар (пола стебленце), 2 кафени лажички шеќер, 1,5 кафена лажичка сол, 1 лажичка јаболков оцет.
Постапка: Често користам свеж копар, но доколку имате само сув ставете 1 кафена лажичка. Има разлика во вкусот дали ставате свеж или сув, но како и да е, салатата е многу убава и на двата начина.
Може да користите и замена за лукот бидејќи дава силен вкус, и да го користите оној во прав, ставете 1 – 2 лажички од него. Во сад ја ставам киселата павлака. Секогаш купувам во голема чаша бидејќи во неа има точно 400 г.
Потоа додајте 2 лажици мајонез и 1 лажица јаболков оцет или лимон. Потоа додајте ја солта и 2 лажички шеќер. Доколку првпат ја подготвувате салатата, ставете 1 лажичка шеќер, пробајте ја салатата па ако е потребно додајте уште една.
Ситно исечкајте ги чешнињата лук или изрендајте ги. Може да користите и преса специјална за лук. Потоа додајте го копарот. Доколку користите свеж копар, тогаш исечкајте го колку можете поситно врз даска, па дури потоа додајте го во салатата.
Јас повеќе не ја користам даската кога подготвувам во брзање, но и вака ми е полесно директно да сечкам и да додавам во салатата, бидејќи не валкам дополнителни садови. Малку промешајте ја салатата и вкусете ја да видите дали сите состојки се во добар сооднос.
Вам како ви е полесно, така сечете ги намирниците. Потоа започнете со лупење на краставиците. Лупете ги краставиците преку еден ред, значи да останува по малку од зелената лушпа на нив. Не заборавајте да ги пресечете краевите и омекнатиот дел на краставицата (ако има).
Секогаш пробајте ја краставицата пред да ја додадете во салата. Доколку е расипана, а вие не знаете може да ја уни-штите цела салата. Додајте ги краставиците во салатата исечкани на тенки кругови или надолжно на ситни коцки.
Салатата веднаш се послужува. Јас секогаш ја правам половина час до час пред да биде готов ручекот, а за тоа време состојките убаво се впиваат една во друга. Но, не ја подготвувајте многу порано пред послужување, бидејќи краставиците можат многу да омекнат и да го испуштат сокот.
Оваа салата се комбинира со секој ручек, а децата многу сакаат кога го макаат помфитот во неа. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.
II Рецепт: Уште еден рецепт од Ивана: Оваа салата ја правам со години за прослави и родендени – многу едноставно се прави со компир и пилешко месо, а ќе ви покажам и замена за мајонезот
Ова е највкусната компир салата со пилешко месо, без мајонез, со години ја правам. Ќе ви откријам една тајна за замена на мајонезот во салатите. Рецептот за оваа вкусна компир салата не содржи ниту мајонез, ниту павлака, а сепак е кремаста и сочна.
Во меѓувреме подготвувам и домашна супа, доматен сос и пире, а на страна имам и домашни тестенини кои ќе ги додадам во супата. Оваа салата е толку многу вкусна и многу едноставно се подготвува.
На овој начин ја приготвувам веќе со години. Потребни состојки: 500 г пилешки гради (или приближно 1 парче), 1 кг компир, 200 г моркови. Замена за мајонез: 2 варени јајца, 100 мл масло, 1 лажичка сенф, може и повеќе, 1 лажичка лимонов сок (или оцет) и малку сол.
Други потребни состојки: 3 средни кисели краставички, 1 главица кромид, 2 лажици оцет, 1 лажичка сол или по вкус, малку црн пипер и 1 лажичка толчена лута пиперка (може и слатка).
Постапка: Во едно тенџере ставете да се варат компирите, морковите и пилешкото месо. На страна сварете две јајца. Варените јајца изладете ги, па со рачен блендер изблендирајте ги и додајте лажичка сенф. Може да користите и блендер за колачи доколку немате рачен блендер.
Во кремастата смеса постепено додајте 100 мл масло. Посолете и зачинете со лимонов сок или јаболкова киселина. На овој начин ќе добиете многу вкусен мајонез околу 200 г.
Морковите и компирите исечете ги на тенки ленти. Но-жот малку намастете го и многу полесно ќе го сечете компирот без да ви лепи со ставање на салфетката малку масло низ која треба да го поминете ножот. Месото ситно исечкајте го, а кромидот и киселите краставички исечете ги на лентички или ситни коцкички. Зачинете со толчена сува пиперка, црн пипер и сол по вкус.
Сите состојки измешајте ги во поголем сад и додајте две лажици јаболкова киселина или лимон. Убаво промешајте за да се соединат состојките. Салатата е многу вкусна, но доколку салате да биде уште покремаста, додајте уште некоја лажица кисела павлака или мајонез по вкус.
Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска