Потребни состојки:
1 кг спанаќ
200 мл млеко
1 јајце
1 чешне лук
1 лажица брашно
1 лажица путер или масло
Постапка:
Спанаќот добро измијте го и исечкајте го на тенки лентички.
Обарете го во зовриена вода неколку минути, па добро процедете го.
Во тава на масло или путер пропржете ситно сечкан лук, па додадете лажица брашно.
Спанаќот промешајте го со млекото, додадете изматено јајце и смесата со брашно и лук.
Зачинете и динстајте на тивок оган додека да згусне.