КРЕМАСТ КОЛАЧ СО ОРЕВИ И КАФЕ…Беше ХИТ во 70-тите, сите го правеа…Се смета дека бил омилениот колач на Тито, па затоа уште се нарекува и „Титов колач“. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3-4 жолчки
200 г шеќер (100+100)
5 лажици ладно кафе
100 г мелени ореви
5 лажици брашно
3 лажици масло
1 кесичка прашок за печиво
5 белки
Се пече на 200 степени, 20-25 минути.
За фил 1:
400 мл млеко
5 лажици брашно
2-3 жолчки
За фил 2:
230-250 г путер омекнат на собна температура
10 лажици шеќер во прав
100-150 г чоколадо растопено
1 лажичка екстракт од рум
ПОСТАПКА:
1.Пенасто изматете 5 белки со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег. Во друг сад пенасто изматете ги 4 жолчки со 100 г шеќер, па додајте масло, кафе и брашно. Соединете со миксер.
2.Потоа додајте мелени ореви и прашок за печиво, па соединете со миксер. Додајте го снегот од белки и соединете со лажица или шпатула.
Смесата сипете ја во намастен и набрашнет калап со средна големина и печете во загреана рерна на 200 степени, 20-25 минути.
3.За фил 1: во тенџере измешајте ги сите состојки и доведете до вриење. намалете ја температурата и непрекинато мешајте додека да згусне како пудинг. Оставете да се олади.
4.За фил 2: пенасто изматете го путерот со шеќерот, па соединете го првиот фил (оладен). Додајте го растопеното чоколадо и екстракт од рум, па изматете со миксер.
5.Филот сипете го врз оладената кора и оставете го во фрижидер 1-2 часа. Потоа декорирајте со шлаг мелени ореви одозгора, па повторно изладете пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.