Се печат 3 кори, а секоја кора се приготвува од следните состојки:

3 белки

3 лажици шеќер

1 лажица брашно

50 г мелен мак

1 рамна лажичка прашок за печиво (односни, 1 кесичка се дели на три дела за трите кори)

Фил:

9 жолчки

10 лажици шеќер

5 лажици брашно

500 мл млеко

200 г путер/маргарин

Глазура:

150 г чоколадо

3 лажици масло

ПОСТАПКА:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Изматете пенасто 3 белки па додавајте шеќер и матете додека да се добие цврста пена.

Потоа додадете го брашното, мак и прашок за печиво, па во обложен плех со хартија за печење (30х20 см) истурете ја смесата и ставете да се пече 10-12 минути. Повторете ја постапката уште 2 пати.

За фил: измешајте жолчки, шеќер, брашно и малку ладно млеко, а остатокот од млекото ставете го да проврие.

Сварете ги жолчките во зовриено млеко и мешајте додека да се згусне, па тргнете од оган, прекријте со фолија директно врз кремот и оставете да излади.

Пенасто изматете го маргаринот или путерот па додадете го изладениот крем и сето заедно соединете.
Филувајте ги корите со филот од жолчки па прелијте со глазура.

Стопете на пареа чоколадо со масло или во микробранова печка загревајќи по 15 секунди на средна јачина се’ додека да се стопи чоколадото.

Оставете колачот со глазурата да се стегне, а користе да се отпуштат и вкусовите да се соединат, па сечете и послужете.