КРЕМАСТ КЕКС КОЛАЧ ЗА 10 МИНУТИ…Најбрз и најдобар рецепт…Еве што ви е потребно за овој едноставен и вкусен десерт:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За основата:
300 г мелени бисквити
120 г путер
За фил:
300 мл слатка павлака
300 мл млеко
130 г шеќер во прав
15 г ванилин шеќер
80 г крем микс со вкус на ванила (шлаг крем)
За декорација: какао или чоколадо во прав
ПОСТАПКА:
1.Растопете го путерот во микробранова печка или на тивок оган, па соединете го со мелените бисквити. Смесата распоредете ја на основата од калап 25 см и оставете во фрижидер 30 минути.
2.Сите состојки за кремот пенасто изматете ги со миксер додека да згусне, па кремот распоредете го врз основата. Оставете во фрижидер 1 час, па одозгора посипете какао и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.