Рецепт и видео презентација на CooKing – Чоколаден колач без јајца, се топи во уста. Се приготвува многу брзо и лесно, а ќе ве освои со вкусот, едноставно неодолив е. Овој колач сигурна сум, ќе го приготвувате многу често, за секакви пригоди, но за секој ден.
Потребни состојки: 3 шолји брашно, 3 шолји јогурт, 10 г ванилин шеќер (една кесичка), 1 шолја шеќер, 1 шолја масло, 3 лажички какао во прав, 1 лажичка сода бикарбона, 1/2 лажичка цимет, 20 мл млеко. Состојките се мерат со шолја од 200 мл. За приготвување ви е потребен калап со димензии 30х20 см. За чоколаден прелив: 500 мл слатка павлака и 200 г чоколадо.
Постапка: Во подлабок сад во кој ќе го замесите тестото, просејте три шолји (од 200 мл) брашно и додајте една лажичка сода бикарбона (или прашок за печиво) и три лажички какао во прав. По желба кој сака може да додаде и половина лажичка цимет во прав, за арома и вкус.
Измешајте ги сувите состојки за да се изедначат. Додајте и 10 г ванилин шеќер (една кесичка) и една шолја (од 200 мл) шеќер кристален. Промешајте уште еднаш. Додека мешате започнете да ги додавате и течните состојки: најпрво во тенок млаз додајте 200 мл масло за готвење.
Потоа додајте три шолји кефир (или 600 мл јогурт) и добро промешајте со маталката за да се изедначат состојките. На крај ќе добиете погуста смеса која не треба да има грутчиња од брашното. Калап со димензии 20х30 см намастете со го малку масло на дното и ѕидовите.
Наросете го со малку брашно и протресете го за да се нафати рамномерно насекаде, а вишокот брашно истресете го. Во вака приготвениот калап (со обрач) излејте ја смесата за бисквитот, протресете малку за да се ослободат евентуалните воздушни џебови и израмнете ја површината.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, приближно половина час (проверете со чепкалка). Избоцкајте го бисквитот со чепкалката на повеќе места и погусто за да го впие млекото и преливот. На тој начин ќе добиете сочен бисквит кој се топи во уста.
Откако ќе го ибоцкате, топлиот бисквит прелијте го рамномерно со 20 мл ладно млеко. Оставете го на страна покриено со алуминиумска фолија, да го впие млекото и да се олади. Потоа можете да го приготвите преливот: во тенџере на рингла ставете 500 мл слатка павлака.
Загревајте на умерена температура, но внимавајте да не ви проврие. Штом забележите дека павлаката се загреала, тргнете го тенџерето на страна и додајте 200 г чоколадо искршено на коцки. Оставете некоја минута, па промешајте додека чоколадото целосно да се растопи.
Добро измешајте за да добиете течна и сјајна чоколадна глазура. Веднаш одвојте две полни кутлачи од овој прелив и оставете на страна да се лади на собна температура. Остатокот во тенџерето поклопете го и оставете го во фрижидер да се олади целосно и да згусне.
Кремот од фрижидер подозна изматете го со миксер за да добиете убав чоколаден крем. Доволно е да го миксате 2-3 минути. Овој крем рамномерно распоредете го врз целата површина на изладениот бисквит и убаво израмнете (а доколку е потребно пребришете ги ѕидовите).
Малата количина од чоколадната глазура што ја оставивте на собна површина, малку промешајте ја и рамномерно прелијте ја врз колачот. Оставете го колачот уште 3-4 часа во фрижидер пред послужување. деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Напомена: Може да користите различни видови од чоколадо, а од нивниот вкус ќе ви зависи и вкусот на колачот.