Чувар куќа (Semperivivum tectorum) е трајна зељаста билка, со висина од 10 до 50 см. Листовите се густо наредени како ружа, зелени, месести и многу сочни, малку издолжени. Од средината излегува цветно стебло со светло црвена боја. Вирее на карпи, зидови, покриви на куќи или пак се одгледува во саксии и дворови.
Има својство да разладува и стега.

Се користи за лекување на рани, испукана кожа, чиреви, хемороиди, прочистување од цревни паразити, болки во уво и грло и шеќерна болест, во вид на чај.

СОДРЖИ: јаболкова и мравја киселина, заедно со нивните соли, танин, смола и др.

ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА: Од чувар куќата се употребуваат листовите свежи или суви.

Чај се приготвува од 1 супени лажици издробен свеж лист или 3 чајни чажички сув лист прелиен со 250 мл ладна вода и се остава да врие десеттина минути. Се процедува и се пие во голтки на празен стомак, 1 филџан наутро, а остатокот во текот на денот.

Свежо исцеден сок од листот се става на рани, испукана кожа, чиреви. Неколку капки (2-3) сок од листот се капнува во заболено уво- лесно ја раствора стврдната ушна маст, го подобрува слухот и ја смирува болката.

Еден грст здробени листови од чувар куќа, 10 супени лажици вода, 200 г свинска маст, се варат на тивок оган 15 до 20 минути, веднаш се процедува и се чува во теглички на ладно и темно место. Добиената маст се става на нагмечени и удрени места, оток, рани, лишаи и др.

За шеќерна болест секое утро се јаде по 1 свеж лист од чувар куќа.

ЗА АКНИ И ДРУГИ ПРОБЛЕМИ СО КОЖАТА

30 грама сув лист од Чувар куќа се прелива со литар вода и се остава да преноќи. Следниот ден се става на оган, па од моментот кога ќе зоврие се остава да се вари 15 минути. Потоа се трга на страна.

Се остава поклопено да излади околу 20 минути па да се процедува.

Со оваа течност лицето треба да се мие петпати дневно, а постапката се повторува до постигнување на посакуваните резултати.

КРЕМ ПРОТИВ БРЧКИ

Потребни состојки:

1 рака ситно исечкани листови од чувар куќа

200 г маст

Постапка:

Маста се пере во 9 води. Во еден сад се мешаат состојките па се става на тивок оган, да се стопи маста (без готвење).
Штом маста ќе се стопи, се трга од огнот и се остава 12 часа да отстои.

Потоа, уште еднаш се загрева на тивок оган и убаво се размешува пред да се процеди. Се складира во соодветни садови и се чува во фрижидер.

Маста од чувар куќа е лековита за: пеглање на брчки, рани од удар и пригмечување, загноени рани кои тешко зараснуваат, отоци, против сончеви дамки на кожата, убоди од инсекти и фистули.