Home ТЕСТО Крцкави домашни банички, меки однатре, златни и крцкави однадвор – Рецепт што...

Крцкави домашни банички, меки однатре, златни и крцкави однадвор – Рецепт што секогаш успева

<

🥬 КРЦКАВА БАНИЦА СО РАЧНО РАЗВЛЕКУВАНИ КОРИ

Мека однатре, златна и крцкава однадвор – проверен рецепт што секогаш успева

Овие домашни банички со рачно развлекувани кори се вистински пример за совршен спој на традиција и техника.

Тестото е меко и еластично, корите се лесни за развлекување, а филот со свеж спанаќ е сочен и ароматичен.

Резултатот е вкусни банички, со крцкава кора и богат вкус – идеални за појадок, ручек или вечера, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

🥬 Оваа баница секогаш ми успева! Крцкава кора, сочен фил и тесто што не се кине 😍

📝 Потребни состојки

За тестото:

1 сува чаша (200 мл) млака вода
1 сува чаша (200 мл) млако млеко
1 рамна лажичка сол
1 рамна лажичка сув квасец
1 рамна лажичка шеќер
5 чаши меко бело брашно (приближно)

За премачкување на корите:

150 г путер
½ чајна чаша (125 мл) масло

За филот:

700 г свеж спанаќ
1 среден кромид, ситно сечкан
Сол по вкус
Црн пипер по вкус
Мелен црвен пипер по вкус
Лута пиперка (по желба)
3 лажици масло

За премачкување:

1 жолчка
1 лажица масло
Сусам (по желба)
НМД

Домашни банички со рачно развлекувани кори – крцкави однадвор, меки однатре. Детален и проверен рецепт.

👩‍🍳 Начин на подготовка

1. Подготовка на тестото

Во длабок сад сипете ја млаката вода и млакотo млеко. Додајте ги шеќерот и сувиот квасец и кратко промешајте. Постепено додајте го брашното и солта, додека да добиете меко, еластично тесто што не се лепи за рацете.

Месете неколку минути, па тестото поделете го на 4 еднакви дела и оформете топчиња. Покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути.

2. Прво развлекување и ладење

Секое топче развлечете го во кора со средна дебелина. Растопете го путерот и измешајте го со маслото. Премачкајте ја целата површина на корите, преклопете ги и повторно премачкајте.

Ставете ги корите на чинија, покријте ги и оставете ги во фрижидер 20 минути.

3. Подготовка на филот

Спанаќот измијте го темелно и добро исцедете го. Ситно исечкајте го и ставете го во сад. Додајте го кромидот, зачините и маслото. Измешајте со рака додека спанаќот малку да омекне и да пушти сок.

4. Финално развлекување и полнење

Извадете ги корите од фрижидер и внимателно развлечете ги со сyкало – не премногу тенко, но ни дебело. Секоја кора пресечете ја на половина, ставете обилен фил на краевите и завиткајте во ролна, па благо свиткајте во форма по желба.

5. Печење

Наредете ги баниците во тава обложена со хартија за печење. Оставете ги 10 минути да одморат. Премачкајте ги со мешавина од жолчка и масло и посипете сусам.

Печете во загреана рерна на 180 °C (горе–долу) додека да добијат убава златна боја.

🍽️ Совет

Баничките се највкусни кога се сервираат топли, со јогурт или кисело млеко. Корите остануваат крцкави, а внатрешноста мека и сочна. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: