Начинот за одгледување на краставици е познат веќе со години наназад. Обично се одгледуваат во стакленици или пластеници наменети за одгледување на разни култури.
Во такви заштитени простори краставиците може да се одгледуваат на два начини. При првиот начин, садниците се садат на гредички кои се приготвуваат специјално за краставиците.
Вториот начин е одгледување на стогови слама. Ако можете да набавите стогови слама од пченица, размислете за таков начин на одгледување, бидејќи дава одлични резултати.
Праксата за одгледување краставици на овој начин се покажала и повеќе од одлична. Првенствено, одгледувањето на стог слама се одвива во заштитени простории каде краставиците се одгледуваат повеќе години по ред во ист простор.
Со овој начин се одбегнува собирање на штетници од тлото и билни болести. Доста е практично и тоа што по завршување на сезоната стоговите едноставно можат да се отстранат. На тој начин всушност се отстранува исцрпената подлога, која, доколку е заразена со некој паразит, мора темелно да се елиминира.
На што треба да се обрати внимание при набавка на слама? За одгледување може да користите стогови слама кои тежат од 15 до 25 кг. На еден таков стог билката може да расте повеќе месеци. Искуството покажало дека сламата од пченица е најдобра.
Сламата треба да биде целата сува. Ако не е рамномерно сува, биохемиските процеси кои се одвиваат при распаѓање на сламата нема да бидат изедначени, што не е пожелно.
Освен тоа, сламата мора да потекнува од билки кои не се третирани со никакви хербициди. Тоа е важно затоа што и мали количини (резидуи) хербицид може штетно да дејствуваат врз идните билки кои ќе бидат засадени во нив, во случајов – краставиците.
Во стакленик со ширина 3,20 наредете две греди слама. Стоговите редете ги 30-40 см од ивицата на стакленикот. Направете по еден ред од по два стогови слама од лева и десна страна, а во средина оставете простор-патека за поминување.
Стоговите може да се постават на самата површина од тлото, но може и малку да се укопаат, не повеќе од третина од нивната висина.
Ако се плашите дека стоговите од подлогата би можеле да бидат заразени со нематоди (црви) или фузариоза (габично заболување), во тој случај, најдобро е пред да ги наредите стоговите на тлото да постелите пластична фолија.
Рабовите на фолијата свртете ги нагоре така да направите добра заштита. Патеката помеѓу стоговите – гредичките можете да ги посипете со ситна слама, ситни деланки од кора од дрво или тресет.
Подготовкa: Бидејќи сламата е сува, стоговите треба да се навлажнат за да се поттикнат саканите микробиолошки процеси. По можност, за натопување на сламата користете млака вода и тоа 40-50 литри по стог. Во водата додадете минерално ѓубриво.
Ако користите гранулирано ѓубриво, водата полевајте ја во 2-3 наврати за да може ѓубривото полека да се растопува и да навлегува во внатрешноста на стогот. Ѓубривото можете да го додавате и во облик на раствор, и тоа 2-3 пати.
Од процесите при кои сламата се разградува, се ослободува топлина. Во текот на зима се користи минерално ѓубриво за да се поттикне побрзо и полесно ваквиот процес. Температурата во средината на стогот може да достигне и повеќе од 40 степени.
После првата бурна реакција, температурата постепено се стабилизира и изнесува 25-30 степени. Така ќе остане во текот на вегетацијата и ќе им ја дава потребната топлина на билките.
„Денес ќе ви покажам како да го удвоите приносот на краставиците“. За овој рецепт ќе ви биде потребно млеко. Млекото е одлично средство за заштита и ѓубрење. Го подобруваат „имунитетот“ на растението.
Јас користам 1 шолја млеко, но според количината која ви е потребна за ѓубрење, направете повеќе. За краставици: ставете 1 шолја млеко и 2 шолји вода. Измешајте и прелијте ја течноста во некое пластично шише кое ви служи за наводнување.
Излејте ги краставиците со оваа количина на млеко, а можете да ги полевате и доматите. Ниедни пестициди нема да стигнат до зеленчукот бидејќи не поднесуваат лактоза. Користете на секои 2 седмици.