КРАЛСКА ПОГАЧА…Секогаш ја подготвувам за Велигден и Божиќ…раскошна и мека како памук…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт на Добриана Димова):

42 г свеж квасец,
500 мл млеко,
2-3 лажици јогурт или кисело млеко,
4 јајца,
1 лажица сол,
1 лажица шеќер,
5 лажици масло,
1 лажица оцет,
100 г путер,
околу 1,2 кг обично брашно

ПОСТАПКА:

1.Во сад скршете ги јајцата и од вкупната количина одвојте 2 жолчки кои ќе ви бидат потребни за премачкување. Растворете го квасецот во топло млеко со шеќер. Кога ќе се активира, додајте јогурт, јајца, масло и оцет.

2.Соединете сè, а потоа постепено додајте брашно и сол. Замесете мазно тесто. Покријте го и оставете го да ферментира 1 час или колку што е потребно за да го удвои волуменот.

3.Тестото нежно премесете го, па поделете го на 8 топчиња од по 100 г и 5 топчиња од по 250 г.

4.Сите топчиња од 100 г посипете ги со брашно, а потоа развлечете ги во елипсовидни кори (во форма на јајце).

5.Намачкајте ги со растопен путер и свиткајте ги во ролнички. Ставете четири ленти (две по две) една до друга.

6.Земете други две ленти и поставете ги хоризонтално преку првите две, а под вторите две ленти.

7.Направете го истото со други 2 ленти само од спротивната страна.

8.Подвиткајте ги краевите на лентите кружно кон соседниот агол и потпикнете ги одоздола за убаво сето да се спакува.

9.Поголемите теста од 250 г развлечете ги во кружни кори. Секој круг намачкајте го со путер и наредете го еден врз друг.

10.Засечете го во зраци на осум триаголници, но не сечете до крајот на тестото. На секој триаголник направете засек, а потоа земете го врвот на триаголникот, провлечете го низ засекот и повлечете го долниот дел под тестото.

11.Повторете го со сите триаголници. На овој начин ќе добиете декоративен обрач-венче. Ставете го во тепсија обложена со хартија за печење.

12.Во средината поставете ја плетката од ленти. Покријте ја погачата и оставете да нарасне.

13.Премачкајте ја со изматени жолчки и печете ја во загреана рерна на 180°C околу 40-50 минути. Печената погаша премачкајте ја со путер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.