Во нашата архива имаме забележано неколку рецепти за Васина торта кои речиси се идентични, што значи дека оваа торта сепак не трпи отстапки и нема големи варијации во нејзините состојки. Затоа и опстојал рецептот повеќе од еден век, колку што е познато дека оваа Васина торта традиционално се подготвува на нашите простори.
Во послендиот рецепт можете да го прочитате и историјатот, за тоа како настанала оваа торта. Првиот рецепт и видео презентација е на Бојана од Бокина Кујна – Васина торта, старинска торта со ореви, со која никогаш нема да погрешите, за каква пригода и да ја подготвите.
Потребни состојки: 5 јајца, 5 лажици шеќер, 1 полна лажица брашно, 6 лажици мелени ореви (или 5 лажици ореви и 1 лажица лешници), рендана лимонова кора. За фил: 100 мл млеко, 4 лажици шеќер, 350 г мелени ореви. Ќе ви биде потребно уште и:
100 г растопено чоколадо, 5 жолчки, 4 лажици шеќер во прав, 200 г маргарин или путер, 1 кесичка шеќер во прав, и околу 50 мл исцеден сок од портокал и рендана кора од портокал. Со остатокот од сокот се прска кората. За шам ќе ви биде потребно:
4 белки кои треба цврсто изматени, па се шпинуваат со сируп направен од 250 г шеќер и 150 мл вода. Може да употребите и обичен шлаг за декорација. Тортата се состои од една печена кора, еден фил и еден шам или шлаг за одозгора. Тортата се приготвува во калап од 26 см.
Постапка: Се матат белките пенасто со постепено додавање на шеќерот. Се мати со електричен миксер додека да се добие цврст сјаен снег. Потоа во него постепено, една по една се додаваат и жолчките. Се мати додека убаво да се изедначи кремозната смеса.
На крај додадете брашно, мелени ореви и рендана кора од лимон, но повеќе не се мати со миксер туку со шпатула, за да остане смесата воздушеста и пенлива. Калапот 26 см обложете го со хартија за печење, а обрачот намастете го и набрашнете го. Во него рамномерно распоредете ја смесата и израмнете.
Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 20-тина минути. Печениот бисквит извадете го на тацната на која ќе се филува тортата. За фил: Ставете го млекото во тенџере на оган заедно со шеќерот и загревајте додека да зоврие. Потоа попарете ги мелените ореви и добро промешајте.
Смесата со ореви тргнете ја на страна за да се олади. Жолчките ставете ги во посебен сад со шеќер во прав. Добро промешајте со жица за матење и сварете ги на пареа со постојано мешање околу 10-тина минути, додека да згуснат. Сварениот крем од жолчки тргнете го на страна и тој убаво да се олади.
За тоа време 200 г путер или маргарин омекнат на собна температура изматете го пенасто, па во него додадете ги оладените ореви, лажица по лажица. Матете со миксер постојано. Во таа смеса постепено додадете го оладениот крем од жолчки, исто така, лажица по лажица.
На крај растопете го чоколадото и малку подизладете го, па и него додадете го во филот од ореви. Добро изматете за да се соединат сите состојки. Како за крај додадете ванилин шеќер, рендана кора од портокал и 50 мл цеден сок од портокал. Откако добро ќе ја измиксате смесата, филот е готов.
Оставете го 5 минути во фрижидер убаво да се стегне пред филувањето на кората. Со вишокот сок што ќе ви остане од портокалот, натопете ја кората за да биде сочна, а потоа врз неа рамномерно распоредете го филот од сите страни. Тортата оставете ја во фрижидер додека го приготвувате шамот од белки.
Во помало тенџере ставете ги шеќерот и водата на оган да зоврие сирупот. Оставете да се вари неколку минути, додека да се добие густ сируп како за слатко. Белките претходно кои отстојале барем еден час на собна температура добро изматете ги со електричен миксер додека да се добие цврст снег.
Садот во кој ќе се матат белките мора да биде сув и чист. Потоа во тенок млаз додека ги матите, додавајте го шеќерниот сируп. Матете подолго додека да добиете убав, цврст, мазен и сјаен шам. Потоа ставете го во шприц и декорирајте ја тортата. Сите детали околу постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
Втор рецепт за ВАСИНА ТОРТА – Најубавата торта кралица која традиционално се приготвува 100 години. Многу вкусна торта која се приготвува за празници. Потребни состојки: 5 јајца, 60 г шеќер, 1 супена лажица меко брашно, 50 г мелени ореви.
За ФИЛ: 4 жолчки, 60 г шеќер, 125 мл млеко, 125 г шеќер, 200 г мелени ореви, 200 г путер и 1 портокал. За ШАМ 4 белки, 250 г шеќер и 180 мл вода. Постапка: За кора: Разделете ги жолчките од белките. Изрендајте ситно кора од портокал и исцедете го сокот.
Белките изматете ги во цврст снег со постојано матење, додавајте шеќер и матете додека да се растопи. Додадете брашно, ореви и пенасто изматени жолчки и се со лажица лесно промешајте. Смесата печете ја во тркалезен калап (24 или 26) во рерна на 180-200 степени околу 25 минути.
За фил: Оревите за фил потопете ги во млеко со 125 г шеќер и ставете на оган да провријат. Жолчките и 60 г шеќер измиксајте ги на пареа и изладете. Изматете го путерот, додадете ги попарените ореви, крем од жолчки, кора и сок од портокал. Добро соединете ги сите состојки.
За шам: Провријте вода со шеќер додека смесата да стане густа како мед. Изматете ги белките во цврст снег и со постојано матење додавајте го сирупот од шеќер. Кората премачкајте ја со фил и украсете со шам од белки, а доколку сакате, одозгора можете да прелиете чоколаден фил.
Трет рецепт – Оригинален рецепт за Васина торта. За Васината торта се смета дека е автентична српска торта чиј рецепт датира уште од дамнешната 1908 година. Време за приготвување: 60 минути (20 парчиња). Потребни состојки за кора: 5 јајца, 60 г шеќер, 1 супена лажица меко брашно, 50 г мелени орев.
За фил: 4 жочки, 60 г шеќер, 125 мл млеко, 125 г шеќер, 200 г мелени ореви, 200 г путер, 1 портокал. За шлаг: 4 белки, 250 г шеќер, 180 мл вода. Постапка: Одвојте ги жолчките од белките. На ситно ренде изрендајте ја кората од портокал и исцедете го сокот.
Од белките изматете цврст снег. Со постојано мешање додавајте шеќер, и матете додека тој да се растопи. Додадете брашно, ореви и жолчки, па мешајте со лажица. Смесата истурете ја во приготвен плех и печете во загреана рерна на 200 степени, околу 25 минути.
Оревите за фил потопете ги во млеко со 125 г шеќер и крако проварете. Жолчките и 60г шеќер пенесто измиксајте ги на пареа, па изладете. Изматете го путерот, додадете ги попарените ореви, кремот од жолчки, кората и сокот од портокал, па добро соединете ги сите состојки.
Изладената кора премачкајте ја со филот и украсете со шлаг од белки: Водата ставете ја да зоврие со шеќерот, и гответе додека да стане густ сирупот како мед. Белките изматете ги во цврст снег па со постојано мешање додавајте од сирупот. Декорирајте ја тортата и пред послужување добро изладете ја.
Последниот рецепт во кој се раскажува историјата на оваа торта: Чудесна љубовна приказна за Васа, по која го добила името популарната Васина торта. Најпосле знаеме како и зошто оваа торта го добила своето име! Судејќи според многу народни верувања, еве како настанала:
Васина торта настанала на почетокот на 20.век во Парачин, Србија, а го направила една домаќинка во знак на благодарност кон својот зет – чие име било Васа. Причина за оваа благодарност е тоа што Васа ја спасил нејзината ќерка Јелена која била бремена.
Поради нејзината слабост и проблеми со поднесувањето на бременоста, докторите го предупредиле нејзиното семејство дека постои ри-зик девојката да не го пре-живее пораѓајот. Меѓутоа, Васа не сакал да размислува за тоа и затоа ги зел сите пари кои ги имал и со жената заминал во Виена каде го пронашол најпознатиот гинеколог кој целосно безбедно го извршил пораѓањето.
Затоа нејзината мајка откако се вратил брачниот пар, во знак на благодарност на својот зет му приготвила специјална торта, чие име го носи до ден денешен – Васина торта. Ова се потребните состојки за васина торта: КОРА – 5 јајца, 60 г шеќер, 1 супена лажица меко брашно, 50 г мелени ореви.
За ФИЛ- 4 жолчки, 60 г шеќер, 125 мл млеко, 125 г шеќер, 200 г мелени ореви, 200 г путер и 1 портокал. За ШАМ – 4 белки, 250 г шеќер, 180 мл вода. ПОДГОТОВКА НА КОРА – Разделете ги жолчките од белките. Изрендајте ситно кора од портокал и исцедете го сокот.
Белките изматете ги во цврст снег со постојано матење, додавајте шеќер и матете додека да се растопи. Додадете брашно, ореви и жолчки и се со лажица лесно промешајте. Смесата печете ја во тркалезен калап во рерна на 200 степени околу 25 минути.
ПОДГОТОВКА НА ФИЛ – Оревите за фил потопете ги во млеко со 125 г шеќер и ставете на оган да провријат. Жолчките и 60 г шеќер измиксајте ги на пареа и изладете. Изматете го путерот, додадете ги попарените ореви, крем од жолчки, кора и сок од портокал.
Добро соединете ги сите состојки. ПОДГОТОВКА НА ШАМ – Провријте вода со шеќер додека смесата да стане густа како мед. Изматете ги белките во цврст снег и со постојано матење додавајте го сирупот од шеќер. Кората премачкајте ја со фил и украсете со шам од белки./coolinarika.com