Кралица на славските десерти…Бела бајадера со кокос, мора да ја пробате…Може да биде и посна…
Белата бајадера е колач кој плени со својот посебен вкус. Пробајте ја и верувам дека ќе стане една од вашите омилени десерти…Ако ја правите во посна варијанта, тогаш користете посни бисквити и замена за млеко во прав. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За првиот дел:
200 г шеќер
200 мл вода
125 г маргарин
300 г бисквити
1 ванилин шеќер
За вториот дел:
200 г шеќер
150 мл вода
125 г маргарин
200 г замена за млеко во прав
150 г кокос
малку кокос за посипување
ПОСТАПКА:
Кај овој колач најважно е добро е да свари сирупот од шеќер и вода за да може колачот да добие убава текстура. Од моментот на зовривање варете 6-7 минути.
Тргнете од оган и додајте сечкан маргарин и ванила. Мешајте да се растопи, па додајте бисквити. Смесата распоредете ја во калап 30х20 см обложен со хартија.
Израмнете со дното на лажица која повремено ќе ја натопувате во ладна вода. Вториот дел се подготвува исто како и првиот. Распоредете врз првиот дел и посипете кокос одозгора.
Оставете да олади во фрижидер, најдобро преку цела ноќ. Погледнете го видео рецептот со подготовката ОВДЕ: