Home Торта Кралица на чоколадните торти – со иста смеса за кори и фил

Кралица на чоколадните торти – со иста смеса за кори и фил

Свечена чоколадна торта со иста смеса за кори и фил – проверен рецепт за сите важни моменти

Оваа свечена чоколадна торта со години важи за вистинска класика меѓу домашните рецепти.

Се подготвува од иста основна смеса и за кори и за фил, што ја прави сигурен избор дури и за оние со помалку искуство.

Тортата е цврста, богата, стабилна за декорација со фондан, а вкусот е интензивен и длабок – токму она што се очекува од „кралицата на чоколадните торти“.

Совршена е за свадби, крштевки, родендени и сите свечени пригоди, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Свечена чоколадна торта со иста смеса за кори и фил – рецепт што секогаш успева

🧾 Потребни состојки

За корите (3–4 кори):
• 8 жолчки
• 250 г шеќер
• 300 г чоколада за готвење
• 250 г путер
• 100 г мелена плазма
• 8 белки

За филот:
• 8 жолчки
• 250 г шеќер во прав
• 300 г чоколада за готвење
• 250 г путер
• 200 г мелена плазма
• 8 белки
• 1 чаша (200 мл) шеќер
• 1 чаша (200 мл) вода
• НМД

За декорација (по желба):
• 200 г шлаг со вкус на чоколадо
• Рендана чоколада

Свечена чоколадна торта со иста смеса за кори и фил – богата, цврста и идеална за декорација. Проверен рецепт за сите пригоди.

👩‍🍳 Начин на подготовка

Подготовка на смесата за кори:
1. Одвојте ги белките од жолчките.

2. Во тенџере на пареа ставете ги жолчките и шеќерот, па варете со постојано мешање додека смесата да згусне.

3. Додајте ја искршената чоколада и мешајте додека целосно да се растопи.

4. Тргнете од оган, додајте го путерот и мешајте додека да се соедини.
5. Додајте ја мелената плазма и измешајте рамномерно.

6. Белките изматете ги во цврст снег и внимателно додајте ги во смесата, мешајќи со лажица, додека да се соединат без да спаднат.

7. Од смесата испечете 3 кори (по потреба и 4) во плех со димензии 25 × 35 см.

8. Печете на 180 °C, 15–17 минути, па оставете корите целосно да се изладат.

Подготовка на филот:
1. Повторно сварете ги жолчките со шеќерот во прав на пареа, додека смесата да стане густа.

2. Додајте ја чоколадата и мешајте додека да се растопи.
3. Путерот изматете го пенесто, па постепено соединете го со чоколадната смеса.

4. Додајте ја мелената плазма.
5. Во посебно тенџере ставете шеќер и вода, па варете додека да добиете густ шеќерен сируп.

6. Белките изматете ги, па во тенок млаз сипете го врелиот сируп, постојано матејќи.

7. Добиената пена внимателно додајте ја во филот и мешајте со лажица.
8. Оставете го филот во фрижидер додека да се стегне.

Филување и декорација:

• Редете кора → фил → кора → фил, сè додека да се потрошат состојките.

• Одозгора премачкајте со шлаг од чоколадо и наросете со рендана чоколада или декорирајте со фондан. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: