Потребни состојки:

300 г остро брашно

50 г шеќер во прав

200 г путер / маргарин

2 лажици павлака

1 прстофат сол

Фил:

300 г ореви

300 г шеќер

2 големи лажици рум

150 мл врело млеко

1 лимон – рендана кора

1 лажица бадемов мед (може и било кој мед што сакате)

Цимет

Останато:  шеќер во прав за валкање на коцките

Постапка:

За фил: измешајте ги сите состојки и попарете ги со млекото.

Од сите состојки за тестото замесете едно мазно тесто, па оставете го на ладно да отстои околу еден час.

Тестото поделете го на два дела. Првиот дел развлечете го и ставете го во намастен плех, избоцкајте го и печете го неколку минути во загреана рерна на 200 степени.

Полупеченото тесто премачкајте го со филот, па прекријте го вториот дел од тестото, повторно избоцкајте со стапче и печете уште 15 минути.

Топлиот колач печете го на коцки 2х2 и уште додека се топли валкајте ги во шеќер во прав.