Благодетите на водата со лимон или пак со јаболкова киселина се веќе добро познати. Наместо овие два напитоци, во последно време луѓето консумираат нов напиток – солена вода.
Исто така, на сите ни е познато дека солта во прекумерни количини е лоша за нашето здравје, но ретко се зборува за нејзините благодети и позитивните ефекти што ги има врз човековиот организам.
Поточно, комбинацијата од чиста морска сол и вода како дел од прехрамбената рутина може да го регенерира нашиот организам благодарение на минералите во тој напиток и големата нутритивна вредност.
Измешајте 300 мл вода со многу мал прстофат сол и тоа испијте го со појадокот или во текот на денот, но во продолжение прочитајте што се’ добивате со овој напиток:
1.ПРАВИЛНА ХИДРАТАЦИЈА
Познато е дека може да се испие и премногу вода, а во тој случај во организмот доаѓа до недостиг на натриум, што доведува до хипонатремија. Солта истовремено му помага на телото да ја апсорбира водата и да го одржува балансот на натриум во организмот.
2.ДЕТОКСИКАЦИЈА
Солената вода содржи минерали кои помагаат во природната детоксификација на телото и исфрлање на штетни токсини, а исто така има и антибактериски својства, односно ги исфрла бактериите од организмот.
3.ДИГЕСТИЈА
Солта ги активира жлездите во устата кои притоа испуштаат протеин кој помага за правилно разградување на храната и така значително го помага дигестивниот процес. Со тој напиток од подуеноста ќе остане само спомен.
4.СОН
За оние кои патат од несоница, солената вода би можела да биде нивно решение за непријатните проблеми. Природните минерали во солта го смируваат телото и нервниот систем, го намалуваат нивото на кортизол (хормон на стресот) кој честопати е виновник за нашата инсомнија.
5.КОЖА
Сите сакаме да имаме здрава и убава кожа, а во тоа може да ни помогнат минералите кои се содржат во солта. Тие ги редуцираат акните, осипот, егземата, ја држуваат кожата чиста и мазна.
Повеќето луѓе од прва рака може да потврдат дека морската вода одлично делува врз кожата надворешно, но една чаша солена вода одвнатре може да помогне во регенерација на епителните клетки.