Делувајќи врз здравјето на целиот организам, успешно ја враќа природната рамнотежа на животната енергија, а последната студија открила дека ја подобрува општата виталност, со намалување на уморот и вртоглавиците.
Високите планини од југозападна Кина и Тибет се природно поднебје на печурките Cordyceps sinensis, на кои им се припишуваат чудотворни лековити моќи.
Првите записи за оваа печурка датираат од 15.век, кога старите народи од Тибет ја нарекле yartsa gunbu, додека на непалски јазик е позната како yarsha gumba.
Митови за печурката
Постои еден древен мит кој вели дека, кога ќе започнел снегот да се топи од високите планини, автохтониот народ од Тибет и Непал, ги носеле своите стада јакови на пасиштата со висока надморска височина.
Со своите шепи, јаковите ги откривале печурките меѓу остатоците од снег, ги јаделе, а веднаш потоа си одбирале партнерка.
Пастирот кој ова го набљудувал се чудел од каде потекнува супервиталноста на овие животни. Денес е познато дека печурката Кордицепс навистина поттикнува виталност и потенција, а покрај тоа има и други бројни бенефити за здравјето.
Без контраиндикации
Имено, оваа печурка ја подобрува биосинтезата на хормоните кортизол, тестостерон и естроген, чие производство во организмот се намалува со текот на годините и доведува до слабеење на моќноста. Притоа нема контраиндикации кои можат да ги имаат вообичаените лекови за оваа намена.
Не е ни чудо што во Азија се користи традиционално оваа печурка за подобрување на женската и машката плодност.
Традиционалната медицина од Тибет и Кина ја користи оваа лековита печурка повеќе од две илјади години. Во современиот свет таа стана синоним за зголемување на отпорноста на организмот, јакнење на концентрацијата и постигнување на подобри спортски резултати.
Заговорниците на алтернативна медицина за оваа печурка сметаат дека: помага во детоксикација на црниот дроб, при фиброза и цироза, позитивно делува на расположението, корисна е за лекување на умор и различни видови депресија, го регулира лачењето на инсулинот, спречува хипергликемија и помага во лекувањето на сите типови дијабетес.
Кинезите ја ставаат печурката во чај
Покрај тоа, Кордицепс печурката покажала позитивни ефекти и против кашлица, исфрлање на слуз, отежнато дишење, астма и HOВВ-хронична опструктивна болест на белите дробови.
Последните години се користи и за бубрежни заболувања и карцином, бидејќи го запира растот, делбата и размножувањето на канцерогените клетки.
Бидејќи има противвоспалителни својства, делотворна е при ревматоиден артритис и кардиоваскуларни болести: ја регулира работата на срцето, го подобрува протокот на крвта, го намалува високиот крвен притисок, го намалува нивото на холестерол во крвта и триглицеридите, спречува згрутчување на крвта.
Кај повозрасните луѓе кои редовно ја користеле печурката, забележана е поголема издржливост при телесни напори. Од лековитите својства на Кордицепсот, треба да се спомене и неговата способност да штити од паразити, неговото дејство против бактерии, вируси и габички, и дека ја олеснува депресијата.
На пазарот е достапна во вид на таблети, во прав или во течен облик, а се консумира во доза од 3 до 6 грама дневно. Оваа печурка во Кина и Непал е толку ценета, па затоа често се додава во чајни мешавини, коктели од лековити билки и во јадења.
Ја враќа рамнотежата на организмот
Бидејќи Кордицепсот е антиоксиданс и врши балансирање на работата на имунолошкиот систем, делува врз женскиот јин принцип и истовремено ја зголемува енергијата на ниво на клетка, па делува на јакнење на машките јанг квалитети.
Делувајќи врз здравјето на целиот организам, успешно ја враќа природната рамнотежа на животната енергија, а последната студија открила дека ја подобрува општата виталност, со намалување на уморот и вртоглавиците.