Понекогаш, ненадејно се случува да се разболите од некоја бактерија чие потекло не го знаете? Ќе помине боледувањето а вам изворот на заразата ќе ви остане мистерија, затоа што не сте помислиле на следното…
Нема некој кој на денешно време не консумира храна од конзерва. Брзата подготовка на полуготовата храна која се наоѓа во неа се смета за привилегија и има предност пред готвената храна. Сепак, иако ви изгледа брзо и практично треба да внимавате на начинот на кој конзервираната храна ја подготвувате за нејзино консумирање.
Доколку станува збор за некоја зрнеста храна или зеленчук на кој му е потребно само кратка термичка обработка, за го намалите количеството сол кое најчесто го содржи конзервата, потребно е храната да ја измиете пред да го готвите јадењето со неа.
Освен внатрешноста на конзервата потребно е да ја измиете и надворешноста за да се заштитите од секаков вид на прашини кои се наталожиле во текот на дистрибуцијата на производот, при допир од потрошувачите за да го увидат составот, а можеби и од ненадеен негов пад од полицата. Замислете само додека оваа конзерва се транспортирала и складиштела во подруми и магацини, дека е голема веројатноста да била полазана од глувци и други штеточини кои пренесуваат заразни болести.
Со отворањето на храната бактериите може многу лесно да дојдат од надворешниот дел во внатрешниот. Пожелно е по миењето да ја избришете обвивката на производот со сува крпа како дополнителна превентива.
Оштетените конзерви со храна најдобро е да ги одбегнувате бидејќи постои опасност од преминување на хемикалијата Бисфенол А која се наоѓа во заштитниот дел на конзервата, директно во храната.