Маж се пофали на социјалните мрежи дека конечно успеал да се ослободи од лошата навика- пушењето.
Неговиот метод се споделува на сите социјални мрежи, па доколку сте го пропуштиле, подолу можете да го прочитате во целост. Можеби неговото искуство ќе помогне некому со сличен проблем.
“Лично користев различни начини, постојано се обидував да ги оставам цигарите, но секогаш неславно се завршуваше и се враќав на оваа лоша навика.
Секогаш постои барем еден пушач во друштвото поради кој ќе ви “срши” волјата, а тоа не е навика, туку човекова психологија.
И така, го гледаш тој човек како пуши и ужива во тоа и буквално лиги ти потекуваат од желба да повлечеш барем еден дим.
Во главата ти се врти само една мисла: Морам да запалам само една, само една… И така палиш една, па втора, па трета и ете си пак како трошиш по една кутија цигари дневно.
Во меѓувреме открив како да престанам со пушење. Па еве ќе ви го откријам методот кој мене ми помогна. Со негова помош успеав да се изборам против пушењето и да ја победам физичката криза, но и психичката.
Еве во што е штосот:
Значи, вовлечете малку дим и подигнете ја главата колку можете повеќе, завлечете ја кон назад, а потоа само “џвакајте” го димот.
Џвакајте еднаш, двапати, трипати и ќе добиете чувство на непријатен мирис, а потоа дури и мачнина во устата. Повторете го овој процес 10 до 15 пати.
Направете го ова секојпат кога ќе почувствувате желба за цигара. После три дена ќе имате чувство како тукушто да сте започнале да пушите: штом ќе го вовлечете чадот, веднаш ќе почнете да кашлате.
Пушењето повеќе нема да ви причинува задоволство и наскоро ќе се решите од оваа лоша навика.
Моите пријатели ја испробаа истата техника и сите се одвикнаа од пушењето. Сега дури и кога ќе почувствувам чад од цигара, повеќе немам желба да пушам” – вели овој човек.