Тестото е супер ровко, поднесува секаков фил, лесно се обликува и што е најважно – не пука при печењето. Еден од ретките колачи кои изгледаат толку природно, како да сте ги набрале од дрво, а не од рерна. Наместо маст или путер, може да се користи намесни маргарин за колачи.
Во зависност од величината на лимончињата, излегуваат околу 60-70-80 парчиња! Бидејќи денес има различни видови на рерни, со и без фен, плински, електрични и слично, мора да го приспособите печењето според вашата рерна за да останат колачињата светли. Може да ги замрзнувате пред боењето, па да ги вадите по потреба.
Потребни состојки: 500 г брашно, 50 г маст/путер/наменски маргарин, 100 г шеќер, 1 мала лажичка сода бикарбона, 1 ванилин шеќер, 150 мл млеко, ½ прстофат сол, 2 жолчки и кора од лимон
За фил: 2 белки, 200 г мелен бадем/лешник, 2 ванилин шеќер, 130 г шеќер, кора од 2 лимони, 1-2 лажици рум или мараскин/сок од лимон/лимончело/ракија. За боење: жолта боја во прав, 300 мл млеко, 200 г ситен кристален шеќер и 1 лажица мараскин/рум/лимончело..
Постапка: од сите состојки замесете тесто и оставете го во фрижидер, убаво да излади 2 часа. Прво добро измиксајте ги јајцата, путерот на собна температура, шеќерот и рендана кора од лимон, а потоа постепено додавајте го брашното помешано со сода бикарбона (или прашок за печиво), а на крај, со последното додавање на брашното, тестото замесете го рачно.
Откако ќе отстои 2 часа во фрижидер, развлечете го во тенка кора (може и на машина), па сечете кругови со модла или чаша, со величина по ваша желба. На секој круг се става по лажичка фил.
Потоа кругот се дипли како што е прикажано на фотографијата, се превртува и краевите се притискаат како бонбонче, па се добива форма на лимонче.
Колачите редете ги на плех обложен со хартија и печете ги на 160 степени околу 20 минути. Ако ви е многу силна рерната, печете ги 12-15 минути или намалете на 150 степени.
Изладените лимони натопете ги во млеко, во кое претходно сте додале боја и мараскино(или рум). Потоа валкајте ги во шеќер.
ФИЛ: Изматете ги белките и шеќерот, па потоа додадете ги мелените бадеми и зачините. Ако ви се чини дека филот е редок, тогаш додадете 1-2 лажици лебни трошки (презла).
Уште една мала напомена: Кога тестото ќе го извадите од фрижидер, уште еднаш премесете го, со прстофат брашно, па дури тогаш развлекувајте го и сечете кругови.
Врвовите на лимончињата можете малку да ги обоите со зелена боја.