Потребни состојки:
300 г бело пилешко месо
150 г печурки
100 г морков
3 пиперки: црвена, жолта и зелена
2 тиквички
Сол, црн пипер, мелен црвен пипер, магдонос
Малку маслиново масло
Малку доматен сос
Постапка:
Во тефлонско тафче што не лепи загрејте го маслото, па додадете месо исечено на шницли или на коцки, кратко пропржете околу 5-8 минути, па додадете ги сечканите печурки и морков.
Динстајте додека зеленчукот да омекне а потоа додадете ги и сечканите пиперки и тиквички. Сето помешајте го и уште малку издинстајте.
На крај додадете ги зачините по вкус и доматниот сос.