Денеска подготвувам нов рецепт за вкусна вечера од компири, јајца и салата. Лесно се прави со лесно достапни и евтини состојки. Компирот е најприфатливиот производ достапен за секого.
Лесната салата ќе ја надополни вкусната вечера од компири и јајца. Кога немате многу време за готвење, ова е одлична идеја да зготвите нешто брзо и вкусно. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг компири
6 јајца
100 г рендан кашкавал
зачини по вкус
За салата (ситно исечкајте и помешајте):
250 грама шунка
250 грама маринирани печурки
150 грама кашкавал
150 грама конзервирана пченка
2 лажици мајонез
млад кромид и копар
ПОСТАПКА:
Исечете ги компирите на тенки тркалца, зачинете ги со сол и црн пипер по вкус и намастете ги, па кратко пропржете ги колку да фатат коричка.
Јајцата изматете во подлабок сад, додајте сол и црн пипер по вкус, 0,5 лажичка сушен лук, 1/3 лажичка куркума. Додајте ги компирите, промешајте и сето сипете го во калап обложен со хартија за печење.
Покријте со фолија и ставете да се пече во рерна загреана на 180 C 30 минути.
Кога ќе се испече одозгора изрендајте 100 г кашкавал и вратете во рерна уште неколку минути колку да се потпече. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.