Рецептот е постар од мене самата, од мајка ми… го памтам уште од детството. Ова е вистинкиот мирис и вкус од детството!
Потребни состојки: 6 белки, 200 г шеќер, 150 г брашно, 100 мл масло, 150 г микс од сечкани ореви, сечкани суви кајсии и суво грозје, малку рендана кора од лимон
Постапка: изматете белки во цврст снег со постепено додавање на шеќер. Матете додека шеќерот целосно да се растопи. Кога ќе добиете цврст снег додајте масло и изрендајте малку лимонова кора, па внимателно промешајте го и брашното со постепено додавање. Не се става прашок за печиво.
Мешајте со лажица, полека, со превртување за да се сочува пенливоста на смесата. На крај додајте го миксот од ореви и суво овошје и убаво изедначете. Калапот за срнечки грб намастете го со путер и наросете го со брашно. Распоредете ја во него приготвената смеса и израмнете.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Проверете со стапче дали е готов. Почекајте да излади, па потоа превртете го на чинија. За да се исече убаво, почекајте колачот целосно да излади. Одозгора наросете шеќер во прав. / Фото и рецепт Наталија/coolinarika.com
I РЕЦЕПТ – Највкусното слатко лепче со суво овошје – Рецепт за колач ЉУБОВЕН ВЕНЕЦ.
За да биде меко лепчето и воздушесто, одвојте ги белките од жолчките и прво изматете ги белките, па потоа додадете ги и жолчките. Соединете ги сите состојки, излејте ја смесата во намастен калап и печете.
Колачот е многу вкусен, брзо и едноставно се приготвува. Може да користите разно суво овошје по ваш вкус. Денес е одличен ден да го приготвите овој колач наречен “Љубовен венец” и да ги изненадите вашите најмили.
Потребни состојки: 3 јајца, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 2 шолји шеќер (од 200 мл), 1 шолја млеко, 1 шолја растопен путер, 3 шолји брашно, 1 супена лажица цимет, 400 г суво овошје по избор, 1 лимон, 1 портокал, 100 г чоколадо (може и без чоколадо), цимет за наросување на колачот.
Постапка: Трите белки пенасто изматете ги во цврст снег, со најсилна брзина на миксерот. Потоа една по една додавајте ги жолчките. Постепено додајте ги ванилиниот шеќер и кристалниот шеќер и матете додека да се растопи.
Во смесата додајте го растопениот и оладен путер, како и млекото, па намалете ја брзината на миксерот и додајте ги сувите состојки: прашок за печиво, брашно и супена лажица цимет.
Смесата лесно доматете ја со миксер за состојките убаво да се соединат. Додајте ситно сечкано суво овошје по желба (брусница, суво грозје, суви кајсии, ореви, лешник, суви смокви, урми, сув ананас…). Изрендајте кора од лимон, портокал и 100 г чоколадо, промешајте со лажица и добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех.
Може да користите и калап куглоф. Ставете да се пече во претходно загреана рерна, на 180 степени околу 50-55 минути (во зависност од јачината на рерната). Печениот колач превртете го на даска или чинија и додека е врел наросете го со цимет во прав (или шеќер во прав)./Coolinarika.com
II РЕЦЕПТ – Колач со суво овошје – готов за 15 минути.
Кога ќе ви се пријаде нешто слатко и вкусно, а сепак сакате тоа да биде домашно, овој рецепт за брз колач со суво овошје, е вистинскиот за вас. Се приготвува многу брзо и едноставно, а потоа само го ставате во рерна да се испече.
Потребни состојки: 250 г брашно, 250 г шеќер, 180 мл јогурт, 100 мл масло, 1 лажичка прашок за печиво, 1 прстофат сол, 100 г чоколадо за готвење, 2 лажици какао, рендана кора од портокал, неколку капки екстракт од ванила, 200 г сечкано суво овошје:
Брусница, ореви, грозје, сливи, кајсии, смокви. За преливање на колачот: 100 г темно чоколадо и 1 лажица масло.
Постапка: сувото овошје ситно исечакјте го. Маслото и чоколадото растопете ги на пареа, па оставете малку да излади. Додајте шеќер, ванила, кора од портокал и јогурт на собна температура, па убаво промешајте. Брашното измешајте го со сол, прашок за печиво, какао и суво овошје.
Промешајте да се изедначи па соединете со претходната смеса. Мешајте со шпатула или лажица додека да се изедначи смесата. Излејте ја во калап 30х10 см обложен со алу-фолија или хартија за печење, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 45 минути.
Проверете со чепкалка: забодете ја во средина од колачот, ако излезе сува чепкалката, тогаш колачот е печен. Печениот колач извадете го од калапот, оставете го на ладно добро да се излади, па прелијте го со чоколадна глазура (чоколадо и малку масло растопете ги на пареа), па украсете со малку суво овошје.