Комбухата е здрав напиток кој се приготвува од јапонска чајна габа комбуха.
Комбухата се користела во Источна Европа, Русија и Јапонија неколку столетија. Самото име комбуха потекнува од Јапонија од 415 година.
Во прастарите времиња комбухата била привилегија само на царските дворови и се третирала како недостижна тајна во Јапонија. Пред повеќе илјади години, јапонскиот цар го поканил на гости кинескиот цар.
Кога завршило гостувањето љубезниот домаќин сакал на ценетиот гостин да му даде нешто многу вредно, како подарок за трајно сеќавање. Се разбира тоа била комбухата.Така и на кинескиот двор бил заведен истиот режим кон подарокот.
Комбухата е габа составена од желатиноидна и жилава габна мембрана во облик на плоснат диск. Живее во хранлив раствор од чај и шеќер, во кој постојано се размножува. Габниот диск прво се проширува по целата површина на чајот, а потоа се задебелува.
Кога се одгледува на правилен начин, таа расте и ‘рти.
За време на процесот на ферментација и оксидација, габата во чајот делува со различни комплексни реакции. Се храни со шеќерот во чајот и во замена произведува други вредни супстанции, кои се составен дел на комбуха течноста: гликуронска и млечна киселина, витамини, аминокиселини, антибиотски состојки…
Токму од тие причини оваа чајна габа претставува вистинска мала биохемиска фабрика.
Што содржи и како делува комбуха напитокот:
Комбухата содржи неколку пати поголемо количество витамин C отколку лимонот. Од витамините од Б групата ги содржи: B1, B2, B3, B6 и B12. Содржи и различни видови ензими. Посебно е значајно да се истакне присуството на млечната – L киселина, која во еден литар течност може да достигне и до 3 ml.
Најважната компонента, која се среќава во големо количество во екстрактот од комбухата е глукуронската киселина. Модерната наука сè уште не успеала да ја синтетизира оваа киселина. Имено, во нашиот организам оваа состојка ја произведува црниот дроб.
Здравиот црн дроб ја создава за да ја прочисти крвта. Таа го носи епитетот на „главен чистач” (пуфер) на отровите кои се појавуваат во процесот на метаболизмот во човечкиот организам, како и штетните материи кои се внесуваат од надворешната средина преку храната, воздухот, водата и друго..
За што се користи комбухата:
На стариот Исток со милениуми се користи како делотворно средство против замор, малаксаност, нервоза, против стареење, против стеснување на крвните садови, запек, ревматизам и шеќерна болест.
Во Русија комбуха-напитокот го сметаат за делотворно лековито средство против сите болести а посебно против запекот – „руски таен домашен лек”.
“Во првата книга напишана за комбухата се говори за успешно лекување на воспалени крајници, болести на внатрешни органи, пред сè, на воспление на желудник, на тенко и дебело црево, против пролив, стеснување на крвните садови, висок крвен притисок, склероза и слично.
Комбухата е лек за се!
Секојдневно може да се сретнеме со голем број позитивни искуства поврзани со Комбухата. Освен нејзината употреба како освежителен пијалак, таа многу често се користи и како лек. Комбухата е главна тема на многубројни научни трудови, кои го потврдуваат нејзиното лековито дејство.
Докажано е дека голем број од нејзините компоненти имаат антибиотиски и детоксирачки карактеристики, кои играат посебна улога во биохемиските процеси на организмот.
Комбухата е извонреден регулатор на цревните активности.
Со нејзина помош успешно може да го регулирате и избегнете појавувањето на запекот и на хемороидите, но и да ја санирате цревната флора.
Иако пијалакот има малку кисел вкус, сепак тој не предизвикува никаква кисела состојба во желудникот , туку го олеснува варењето и кај тешко сварливата храна.
Комбухата е убиец на ракот
Комбухата има силно антисептичко дејство. Течноста од оваа габа го прочистува ендокриниот состав и ја неутрализира и елиминира уринарната киселина поради што се препорачува против рак, особено во неговите почетни стадиуми.
Забележано е дека таа може да предизвика зајакнување на одбранбениот механизам, како и зголемување на производството на интерферон. Комбухата го отстранува метаболниот отпад и на тој начин ја нормализира рН вредноста на крвта.
Детоксификациската функција на глукоронската киселина ја подобрува општата состојба на организмот.
Литванците и припишувале чудесна способност за лекување на сите болести.
Д-р Дан Пон од Јапонија, врз основа на своите искуства со примена на комбуха-напитокот кај голем број пациенти направил прилично долг список на болести кои се лекувани на овој начин.
Списокот е проширен од неколкумина познати лекари од минатото:
–го продолжува животниот век;
–спречува создавање на брчки;
–служи како превенција против рак, го подобрува дишењето;
–ја ублажува артрозата, позитивно делува кај зглобниот ревматизам;
–ги чисти крвните садови, поволно делува на регенерацијата на клеточните мембрани и кај срцевиот инфаркт;
–го подобрува вкусот на јадењата;
–отстранува пореметување кај црниот дроб;
–намалува телесна тежина;
–отстранува мачнина при возењето;
–помага при појасен херпес и сипаници;
–ги олеснува симптомите од менопаузата;
–ги зајакнува мускулите на нозете;
–ја засилува потенцијата;
–лекува болести на рацете и нозете, грбот, сива мрена, несоница;
–ги зајакнува бубрезите;
–ги омекнува, раствора и чисти жолчните камења;
–запира пролив;
–лекува хемороиди;
–позитивно влијае врз растењето и квалитетот на косата;
–ја чисти крвта;
–лекува миом на кожата;
–отстранува холестерол од крвта;
–ја збогатува полезната микрофлора во цревата;
–го зајакнува ослабнатиот имунитет;
–ја нормализира кисело-базната рамнотежа;
Дали Комбухата има некакви нус појави?
Комбухата изобилува со органски киселини поради што е можна појава на алергиски реакции кај лица чувствителни на киселини. Таа го стимулира исфрлувањето на отровите и токсините.
Дали можат да ја конзумираат и деца?
Од досегашните испитувања утврдено е дека во Комбуха напитокот нема ништо штетно за децата. Содржината на алхохол во овој напиток е низок приближно колку и во овошните сокови кои вообичаено ги конзумираат децата.
Комбухата не се препорачува за деца под 1 годишна возраст, бидејќи содржи бактерии и ензими кои би можеле да бидат тешки за детскиот дигестивен систем кој е во фаза на формирање.
РЕЦЕПТ: како правилно се приготвува комбуха-напитокот
Следете ги овие чекори:
Седум чаши вода треба да зовријат, по што се додава половина чаша шеќер и се меша додека не се растопи. Откако ќе се стопи, водата има температура меѓу 80 и 90 степени Целзиусови што е идеална за подготовка на црн, бел или зелен чај, што се користи како основа за напитокот од комбуха.
Кога чајот ќе излади, се префрла во стаклена тегла и се става парче од габата комбуха. Се покрива со крпа или газа и се зацврстува со ластиче. Се чува на собна температура, но не смее да биде изложена на сончева светлина.
Потребни се 2-4 недели за да ферментира чајот. Ќе забележите како се формира нова габа на површината, односно старата се задебелува. Мирисот треба да е сличен како на јаболкова киселина, но помалку остар.
Доколку забележите траги што потсетуваат на мувла, тоа значи дека треба веднаш да ја фрлите габата и течноста. Исто така, непријатен мирис на чај укажува дека можно е да постои некоја бактерија.
За да се спречи ова, користете чист прибор за подготовка и не ја допирајте габата со валкани раце.
Користете дрвена или пластична лажица и вадете ги прстените од раце кога ја допирате.