Мери ужива во прошетките на отворено, но, како што вели таа, делува како магнет за комарците кои и ги уништуваат најпријатните моменти. Овојпат Мери за читателите на НМД сподели што користи таа и што и помогнало да се ocлободи од овие досадни штeтници.
„Градинарството е мојата омилена забава, бидејќи уживам да го поминувам времето во дворот. Сепак, ништо повеќе не го расипува тоа уживање од тоа да бидеш каснат од комарец. И тоа не од еден и не само еднаш.
Затоа одлучив по секоја цена да изнајдам решение и да се ослободам од нив, барем во мојот двор и мојата градина. Бидејќи се залагам за здрава околина, тоа мораше да биде некое природно решение кое не ја загрозува околината, растенијата и што е најважно, пчелите.
Еден пријател кој се занимава со органско производство, неодамна го сподели со мене овој прекрасен лек против комарци. Овој раствор кој ќе ви го откријам нежно мириса на нане и со него може да се испрска дворот за да се одврата летачките штетници.
Спрејот многу едноставно се приготвува, а пред секое прскање треба добро да се протресе шишето. Покрај трите основно состојки од кои се приготвува овој спреј, може да додавате по неколку капки и од некои есенцијална масла кои не ги сакаат комарците.
Според моето искуство, едно прскање има дејство од времетраење од околу два ипол месеци, а потоа треба да се повтори. Мојот пријател не се сеќава каде го открил ова решение, но среќна сум што го сподели со мене, а јас сум среќна што можам да го споделам со вас овој ефикасен органски лек против комарци.
Ова природно решение за одвраќање на комарците навистина добро функционира, особено кај мене и кај сите што го испробаа, а се надевам дека ќе функционира и кај вас. Еве како се приготвува спрејот против комарци за двор:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 мл течност за плакнење на устата со вкус на мента/нане, 350 мл какво било пиво (може и најевтиното) и 700 г епсом сол (Горчлива или Епсом сол е магнезиум сулфат и може да се купи речиси во секоја аптека, а меѓу другото е позната како одличен прихранувач на почва која е сиромашна со магнезиум).
ПОСТАПКА: сите состојки едноставно измешајте ги во шише со распрскувач и добро протресете. Горчливата сол потешко се раствора, па можеби ќе биде потребно време додека убаво да се раствори.
УПОТРЕБА: Испрскајте го дворот, тревата и стазите каде се движите. Ова решение нема да му наштети на вашиот двор. Всушност, некои градинари велат дека Епсом солта и помага на тревата да стане позелена.
Сепак, јас одбегнувам да ги прскам цвеќињата, бидејќи овој репелент е безопасен за пчелите, сепак тие најверојатно ќе го одбегнуваат мирисот од течноста за уста. Откако убаво ќе испрскате, ова средство има дејство на траење од два ипол месеци.