Ова е нешто што брзо се приготвува, вкусно е и заситно.

Потребни состојки:

1 пакување блок лиснато тесто
12-18 грил колбаси, во зависнот од тоа како ќе го развлекувате тестото и како ќе го исечете
1 јајце за премачкување
ким, сусам, ленено семе или нешто по желба за наросување одозгора

Постапка:

Колбасите ставете ги во тава со многу малку масло, па пропржете ги од сите страни. Не мора до крај да се пржат, бидејќи дополнително ќе се допечат во рерна.

Кога ќе ги пропржите извадете ги и оставете ги да изладат.

Тестото развлечете го тенко и исечете го на ленти. Секоја лента обвиткајте ја околу колбасот, а ако ви остане вишок тесто искористете го за да испечете жу-жу погачи.

Премачкајте ги завитканите колбаси со жолчка и наросете ги со ким, сусам или ленено семе, па ставете ги да се печат во плех обложен со хартија, на 220 степени додека тестото да зарумени.

coolinarika.com