“Двапати во животот ми застана здивот кога здогледав ишлери. На овој рецепт сум му верна со години, бидејќи конечно успеав да ги направам како што сакав.

Секогаш правам двојна доза, зошто колку и да направам, секогаш ми бараат уште и уште.”

Потребни состојки:

100 г маргарин
400 г путер
200 г остро брашно
3 лажици какао
70 г мелен шеќер
1 жолчка

За крем:

2 јајца
1 жолчка
2 рамни лажици скробно брашно
150 г мелен шеќер
1 ванилин шеќер
50 г маргарин
30 г путер

Глазура од чоколадо:

100 г чоколадо за готвење
1 лажица свинска маст

Постапка:

Тесто: Од сите состојки замесете тесто и развлечете го на набрашнета подлога, не претенко. Со чаша или калап (не преголем) сечете кругови и редете ги во плех обложен на хартија за печење, на мало растојание едно од друго. Од тестото што ќе ви преостане повторно развлечете кора и повторете ја постапката додека да го потрошите целото. Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 15 минути.

За крем: Сите состојки освен путерот и маргаринот изматете ги пенасто и сварете ги на пареа или во микробранова печка. Оставете да излади, па во ладниот крем додадете го изматениот путер и маргарин, па соединете ги.

Кремот ставете го во шприц и крушно нанесувајте го на еден дел од ишлерот (подлете ги на половина колачите, за да можете да ги лепите по две). Останатите кекси натопувајте ги во растопено чоколадо и редете ги на решетка.

За глазура: Чоколадото и маста растопете ги и оставете малку да подизлади. Кога глазурата на кеските ќе се стврдне со виљушка нежно редете ги кексите со крем и нежно притиснете. Остатокот од чоколадната глазура ставете ја во кесичка и некое време оставете ја во фрижидер. Потоа од кесичката отсечете многумалку од аголот, па шарајте ги ишлерите одозгора. Може да ги украсувате и со вели излупени бадеми во облик на цветче. Од оваа количина добив 56 кекси, односно 28 готови ишлери.

Coolinarika.com