Потребни состојки:
220 г брашно
120 г путер на собна температура
100 г шеќер
1 пудинг од ванила Dr.Oetker
2 жолчки
2 лажици млеко
За наросување и декорација:
3 лажици шеќер во прав
1 ванилин шеќер
Постапка:
Брашното ставете го во сад за матење, додадете ги сите останати состојки и со миксер со маталки за тесто соединете ја смесата.
Тестото ќе има жолта боја поради пудингот и фино ќе се моделира.
Обликувајте валјак со дебелина од 2 см. Сечете парчиња со дебелина од 1 см, па со рака обликувајте ги колачињата.
Два плеха од рерна обложете со хартија за печење а рерната загрејте ја на 180 степени.
Обликуваните мали колачиња редете ги во плех на одредено растојание. Печете ги 12 минути.
Кога се печени оставете ги да изладат во плехот а потоа наросете ги со шеќер во прав и ванилин шеќер.
Чувајте ги во лимена кутија.