Овие ванилици се посни, но секако, можете да ги приготвите и во масна варијанта доколку користите путер или маст. Овие колачи се печат во загреана рерна на 180 степени, само 12 минути, зашто треба да останат со светла боја. Колку подолго стојат, толку се поубави и повкусни. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г маргарин омекнат на собна температура (кој сака може да употреби путер или маст), 100 г шеќер во прав, рендана кора од лимон, исцеден сок од половина лимон, 1 кесичка ванилин шеќер, 50 г мелени ореви, 400 г брашно тип 400 или некое друго брашно по ваш избор. И уште џем за лепење, шеќер во прав во за валање.




ПОСТАПКА: Омекнатиот маргарин на собна температура испасирајте го со помош на виљушка. Додајте шеќер во прав и ванилин шеќер и продолжете со мешање додека да се соединат. Маргаринот можете да го изработите со виљушка или со миксер, како ви е полесно.




Додајте малку ситно рендана кора од лимон и исцеден сок од половина лимон. Уште еднаш добро промешајте за да се инкорпорира лимоновиот сок. Потоа додајте мелени ореви, повторно промешајте за убаво да се изедначи.




Постепено во смесата додавајте меко брашно и месете со рака. Брашно додавајте сè додека тестото е меко. Убаво изработете го со рака. Се меси додека да почне да се одвојува од ѕидовите на ѕидот и да не се лепи на допиp, а сепак да е меко и лесно да се обликува.




Вака добиеното тесто развлечете го со помош на оклагија во тенка кора со 0.5 см дебелина, па со помош на ракиена чашка, капаче или модли со разни форми вадете ги колачињата. Формите редете ги во плех обложен со хартија, а остатокот од тестото повторно соберете го и формирајте го во топка.




Потоа развлечете го во кора и повторно вадете форми. Постапката повторувајте ја додека да го потрошите целото тесто. Ванилиците ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 12 минути. Проверувајте ги и внимавајте да ја задржат светлата боја.




Печените колачи оставете ги малку да подизладат, па спојувајте ги две по две: намачкајте едно колаче со џем па поклопете го со друго колаче и така ќе добиете сендвич. Вака лепените колачиња валкајте ги во шеќер во прав (по желба додајте ванила за мирис). Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.