Здрав десерт со овес, какао и банана
Ви претставуваме вкусен и здрав десерт кој комбинира хранливи состојки и природна сладост кој се приготвува во еден сад.
Оваа едноставна, но неодолива комбинација од овесни снегулки, банана и какао е совршена за сите што сакаат да уживаат во вкусен оброк, а истовремено да се грижат за своето здравје.
Подгответе го овој рецепт и уживајте во лесен и енергичен десерт без да извалкате многу садови, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 120 г овесни снегулки
– 150 мл топло млеко
– 1 лажичка сусам
– 1 лажичка прашок за печиво
– 2 јајца
– 1 банана
– 1 лажица мед или засладувач по вкус
– 25 г какао во прав
– 20 г суво грозје
– 70 г темно чоколадо
– НМД

Постапка:
1. Загрејте ја рерната на 180°C.
2. Во помал огноотпорен сад, измешајте ги овесните снегулки со топлото млеко и оставете да отстојат неколку минути за да омекнат.
3. Додајте го сусамот и прашокот за печиво, па промешајте.
4. Во смесата додајте ги јајцата и добро измешајте со виљушка.
5. Излупете ја бананата, изгмечете ја и додајте ја во смесата. Засладете по вкус со мед.
6. Додајте го какаото во прав и сувото грозје, па сè убаво соединете.
7. Печете во загреана рерна на 180°C околу 40 минути или додека десертот добие цврста текстура.
8. Откако ќе се испече, извадете го од рерната и оставете го малку да се излади.
9. На крај, растопете го темното чоколадо и прелијте го врз десертот за дополнителен вкус.
Сервирајте го десертот и уживајте во неговиот богат вкус. Добар апетит и пријатен ден! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://youtu.be/cRHWF0XJB30?si=2YLXUukZa6Ouxfmp




































