Рецепт и видео прилог на Том Филос.
Колачот навистина едноставно се приготвува, состојките се матат со жица (или со миксер ако ви е полесно) се пече во тркалезен калап бр.26 (може и во калап за куглоф) и на крај се прелива со чоколадна глазура.
Потребни состојки: 400 мл млеко, 300 мл масло, 2 јајца, 400 г шеќер, 300 г брашно, 10 г прашок за печиво, 250 г мелена плазма, 1 лажица какао во прав. За глазура: 200 мл слатка павлака и 200 г чоколадо
Постапка: Во подлабок сад ставете 400 мл млеко, 300 мл масло, две јајца и 400 г шеќер. Со маталка промешајте колку да се растопи шеќерот и да се соединат состојките.
Потоа постепено додадете 300 г брашно заедно со 10 г прашок за печиво. Мешајте постојано со маталката за да не се формираат грутчиња. Најпосле додадете ги мелените кекси и какаото во прав.
Изедначете ја смесата ја излејте ја во калап за торти (26 см) претходно добро намастен со путер. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, околу еден час. Печениот колач оставете го да се лади 45 минути. Потоа отстранете го обрачот и ставете го на решетка додека ја приготвувате глазурата.
За глазура: на тивок оган загрејте ја течната павлака и ставете го чоколадото искршено на коцки. Мешајте додека да се растопи и соедини, внимавајте да не ви загори. Оставете неколку минути да подизлади па прелијте го колачот. Одозгора наросете мелена плазма. Откако ќе излади можете да го послужите. Деталите погледнете ги во видеото: