КОЛАЧ ЗА 8 МИНУТИ…Без печење, без јајца, без брашно…Неодолив вкус со бисквити и чоколадо…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 20х20 см):

430 г мелени бисквити
100 г шеќер во прав
120 г путер
100 мл млеко
150 г орео бисквити или слични

За глазура растопете:
100 г чоколадо
2 лажици масло

ПОСТАПКА:

1.Мелените бисквити помешајте ги со шеќерот во прав, додајте растопен путер и млеко, па соединете. Во смесата додајте орео бисквити искршени со раце.

2.Целата смеса сипете ја во обложен калап и распоредете рамномерно. Одозгора залијте со чоколадна глазура и оставете колачот да се стегне и олади 2 ласа во фрижидер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.