КОЛАЧ ЗА 5 МИНУТИ…Вкусен и освежителен, подобар од Наполеон…Состојките веќе ги имате в кујна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За крем:
1 јајце
50 г шеќер
10 г ванилин шеќер
15 г скроб
250 мл млеко

За тесто:
2 јајца
100 г шеќер
1 прстофат сол
1 лажичка екстракт од ванила
100 мл млеко
50 мл масло
220 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
1 јаболко

ПОСТАПКА:

1.Сите состојки за крем изматете ги и сварете ги во млекто како пудинг. мешајте непрекинато додека згусне, а потоа оставете го кремот да се олади.

2.Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот, солта и ванилата, па додека матите со миксерот додајте масло, па млеко и на крај просеаното брашно помешано со прашок за печиво.

3.Половина од смесата сипете ја во калап 27х18 см обложен со хартија. Наредете тенко исечени парчиња од јаболко, а одозгора распоредете го остатокот од тестото.

4.Оладениот крем малку разматете го и ставете го во готварска кеса за да направите шари врз колачот.

5.Ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени, 40-45 минути. Оставете малку да подизлади, па посипете го со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/IOasYqlkbLQ?si=jX9PDYmtr47nfnWL