Рецепт и видео презентација на “Шерпица” – Колач за 10 минути.

Рецепт за крцкави ролнички од обланди со вкусен фил од чоколадо, кекси и ореви. Можат долго да стојат, супер се цврсти така што и на собна температура нема многу да омекнат. За посни колачи користете посни намирници (посен маргарин, растително млеко или сок, посно чоколадо и кекси).

Потребни состојки:

2 листа обланди
100 г шеќер
150 г чоколадо
150 г путер или маргарин
1 лажица рум (не мора)
100 мл млеко
3 лажици мелени ореви
2 лажици мелени кекси
*лажиците полнете ги до врв

За декорација:

50 г чоколадо
1 лажица масло или
шеќер во прав за наросување

Постапка:

Листовите обланда завиткајте ги во влажни кујнски крпи за да омекнат. Оставете ги вака завиткани околу половина час. Дури кога обландите ќе омекнат започнете со подготовката на филот.

Сите состојки (путер, шеќер, млеко, рум и чоколадо) освен кексите и оревите ставете ги во тенџере на оган. Мешајте додека смесата да се растопи и да се изедначи. Потоа додадете ги мелените ореви и кексите, па добро промешајте.

Со овој фил премачкјате ги корите од погрубата страна. Секоја лист обланда пресечете го по должина на три еднакви делови, свиткајте ги во ролат и оставете ги да отстојат во фрижидер еден час.

Потоа сечете ги, декорирајте ги и уживајте во одличниот вкус. Поубави се ако се јадат следниот ден. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.