Колачот е супер фин, излегува многу, а се топи во уста како пена. Запишете си го рецептот, зошто ќе ви стане омилен и често ќе го правите. Има доста слоеви и тоа можеби на прв поглед ќе ви се види комплицирано, но не е така, ќе се уверите.
Потребни состојки за бисквит: 6 белки, 150 г шеќер, 150 г мелени ореви или лешници, 30 г лебни трошки (презла), 30 г остро брашно, половина кесичка прашок за печиво, една кесичка ванилин шеќер.
Потребни состојки за фил: 500 мл млеко, 150 г шеќер, 6 жолчки, 1 кесичка ванилин шеќер (по желба), 1 кесичка пудинг со вкус на ванила, 1 до врв полна супена лажица брашно, 250 г путер или маргарин, 100 г темно чоколадо. Останато: 250 г бисквити, малку млеко за натопување на кексите, 50 г мелени ореви
Постапка за приготвување на бисквитот: белките пенасто изматете ги, па постепено започнете да го додавате шеќерот и ванилата. Матете непрекинато со миксерот околу 7-10 минути додека шеќерот целосно да се растопи и да се добие цврст снег кој не паѓа од лажицата.
Потоа постепено додавјте ги сувите состојки (мелените ореви/лешници, острото брашно, лебните трошки (ситно сомелени) и половина кесичка прашок за печиво. Мешајте со лажица или шпатула, внимателно и полека додека да се соединат состојките, а сепак да се задржи пенливоста.
Добиената смеса рамномерно распоредете ја во плех со димензии 35х28 см, претходно намастен и наросен со брашно (вишокот истресете го). Израмнете ја површината и ставете да се пече во загреана рерна на 160-180 степени.
Проверете со чепкалка кога е готова кората. печената кора извадете ја од рерна и оставете ја целосно да се олади (ако ви е позгодно можете да ја печете и во плех обложен со хартија, па потоа само извадете ја заедно со хартијата и оставете да се лади).
Постапка за приготвување на филот: пенасто изматете ги жолчките заедно со шеќерот. матете додека тие да побелат и да се растопи шеќерот. Додајте една полна лажица брашно, една кесичка ванилин шеќер и прашокот за пудинг.
Добро изматете да нема грутчиња, а по потреба додајте и малку млеко за поубаво да се раствори. остатокот од млекото ставете го на оган, па кога ќе зоврие тргнете го на страна и додајте ја смесата со разматените жолчки.
Сварете го кремот исто како пудинг, со постојано мешање додека да згусне. Потоа тргнете го на страна, покријте го со проѕирна фолија и оставете целосно да се олади. Путерот на собна температура пенасто изматете го, па соединете го со кремот.
Добиениот фил поделете го на два еднакви дела. Едниот останува жолт, а во вториот додајте растопено чоколадо и промеѓајте додека да се изедначи. Печената и изладена кора ставете ја врз десертна чинија за торти.
Врз кората распоредете го жолтиот фил и израмнете. Врз него наредете бисквити, кратко натопувани во млеко, а врз нив распоредете го кафеавиот крем. Одозгора наросете мелени ореви или лешници, а може и малку рендано чоколадо. / Мицка / Сооlinarika.com