Ако го сакате вкусот на палачинките, тогаш сигурно ќе ви се допадне и овој колач. Многу е едноставен, брз, сочен и многу вкусен. Доколку се одлучите да го приготвите, споделете ги вашите впечатоци во коментар.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца со средна величина (на собна температура), 10 г ванилин шеќер (1 кесичка), 1-2 чаша шеќер, 1 чаша јогурт (на собна температура), 60 мл масло, 1 чаша брашно, 1 кесичка прашок за печиво. И уште: 130 мл млеко за полевање на колачот, 2-3 лажици Нутела или друг лешников крем, 2-3 лажици мелени кекси или мелен лешник/ореви
ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете ги јајцата, па пенасто изматете ги со миксер. Кога ќе почнат да згуснуваат, додајте го ванилин шеќерот и додека непрекинато матите, постепено додајте го шеќерот.
Матете ги јајцата со шеќерот додека тој да се растопи и да добиете густа кремаста смеса. Во тенок млаз додајте го маслото и јогуртот, па продолжете со матење.
Додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и натаму продолжете со матењето додека да добиете убава мазна хомогена смеса, без грутчиња.
Плех со димензии 30х20 см намастете го и набрашнете го, а вишокот брашно истресете го. Излејте ја смесата во подготвениот калап, израмнете и неколку пати потчукнете го за да излезат евентуалните воздушни меурчиња.
Колачот ставете го да се пече во претхпдно загреана рерна на 200 степени (или 180 ако е многу силна вашата рерна), околу 40 минути.
Со чепкалка убаво и густо избоцкајте го печениот колач и веднаш додека е врел рамномерно прелијте го со 130 мл млеко (на собна температура). Млекото полевајте го со лажица, а по потреба дополнително избоцкајте го.
Би требало за неколку минути да се впие млекото. Колачот во овој момент сè уште е топол/млак, па ставете две-три полни лажици нутела.
Извадете го обрачот, па убаво рамномерно премачкајте го колачот преку целата површина. Одозгора наросете мелени кекси/лешници/ореви… Сечете го на коцки и послужете го. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.